Љубчо Георгиевски со директен атак врз Алфа дека е србоманска телевизија

Партијата на порнашениот премиер Љубчо Георгиевски, коалициски партнер во Владата, со директен напад до ТВ Алфа. Тврди дека сме биле србоманска телевизија и бара Советот за радиодифузија, институција која подолго време не постои, да се позанимава со филмови оделе во програмата на телевизијата, односно емитувањето на југословенски филмови.

Алфа ТВ во својата реторика продолжува со создавање на подбуцнувачка атмосфера, а посебно фрапира речникот со кои ги коментира македонските граѓани кои сакаат да се декларираат како Бугари…

Од друга страна пак и скромниот поглед на нивната содржина особено културно-забавната и филмската програма јасно ја отсликува целта на Алфа ТВ да го воспева југословенското, тоталитарно минато се со цел културно-забавно србизирање на македонскиот народ.

Инаку Алфа е можеби и единствената телевизија во Македонија каде се застапени филмови и серии на бугарски јазик, меѓу кои „Украден живот“, „Соседи во акција“, „Подземје“, а во моментов ја завршува продукцијата на првата македонска криминалистичка серија „Бистра вода“, проект целосно финансиран со сопствени средства.

Ваквите ставови на ВМРО Народна се буквално исти со оние на еден од најголемите негатори на македонскиот народ, бугарски европратеник Ангел Џамбаски кој пред еден месец директно ја нападна нашата телевизија.

-Со цел да дадам интервју за убава српска телевизија како вашата. Вие не сте ли Алфа? Вие сте просрпска телевизија, рече Ангел Џамбаски – ВМРО- БНД (14.01.2023)

Додека Георгиевски и Џамбаски шират невистина за Алфа, дека сме србомани, претходно напади имаше и од главниот коалиционен партнер на Ковачевски, Ахмети за кого сме биле непријатели на Албанците.

-Непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, порача Ахмети. (16.01.2023)

Наместо да го осуди својот партнер и премиерот му се придружи во навредите и етикетирањата, па дури отиде и чекор понатаму. Ахмети говорел врз основа на одредени факти а и Ковачевски имал свој личен став.

Има и медиум чија што улога повеќе личи на партиски сектор за комуникации, изјави Ковачевски, рече Димитар Ковачевски – претседател на Владата (16.02.2023)

Инаку Алфа веќе подолг период се соочува со суптилни и не толку суптилни притисоци. Телевизијата често е домаќин на различни инспектори, истражители, обвинители. И покрај сите проверки и чешлања на документацијата со години, досега не успеаја да најдат ништо неправилно и незаконско во работењето на телевизијата.

Дел од ова беше констатирано и во еден од извештаите на Стејт департментот во делот посветен на слободата на медиумите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста