ЈП-ЈА предупредуваат дека илјадници луѓе ќе останат без работа поради прескапата струја, бараат да функционираат по теркот на градинките

Потребно е итно решение, во спротивно илјадници вработени во училиштата и јавните претпријатија ќе останат без плата, алармираат  градоначалниците. Последните сметки за струја се доволен доказ дека во зимскиот период на вработените им се заканува црно сценарио, а тоа е сметките да им останат празни. Колку и да се штеди планираните приходи нема да бидат доволни, па блок дотациите што ги добиваат од ресорното министерство ќе бидат надминати. Единствен излез за штипскиот градоначалник е овие институции, да функционират по терк на градинките..

     „И досегаа апелиравме дека образовните институции, јавните претпријатија да имат регулирана цена на електрична енергија за да можеме да ги планираме трошоците. Доколку ова не се случи стравуваме дека сите средства ќе бидат потрошени за електрична енергија, за затоплување на просториите и ќе биде доводена исплата на плати на вработените во овие институции„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

По примерот на град Скопје, и Штип од Владата ќе бара да и додели 80милиони денари средства кои директно ќе бидат наменети за граѓаните. Советниците од ВМРО-Дпмне покренаа ницијативата која ќе се разгледува на наредната седница на Советот..

  „Она што ние го предложивме, односно советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е да бидат субвенционирани и граѓаните на Штип. Живееме во иста држава и сите плаќаме даноци . Граѓаните ќе бидат изложени на ценовни покачувања и зголемени трошоци по сите основи и сметаме дека на овој начин ќе им се излезе во пресрет на ценовните покачувања„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Што се однесува до шпекулациите дека  зимскиот период учениците од дома би можеле да ја следат наставата, Јорданов не сака да коментира со образложение дека ваква одлука треба да донесе Министерството за образование. Но доколку не им се уважат барањата  се понеизвестно ќе биде одвивањето на наставниот.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста