Јотова на средба во Скопје со претставници на македонските Бугари – Ако нема промена на Уставот, нема да има напредок

Ако Бугарите не влезат во Уставот, Македонија нема да мрдне ниту педа кон Европската Унија. Бугарија нема да прави отстапки ако Македонија не го отвори Уставот. Официјална Софија цврсто билАко Бугарите не влезат во Уставот, Македонија нема да мрдне ниту педа кон Европската Унија. Бугарија нема да прави отстапки ако Македонија не го отвори Уставот. Бугарската потпреседателка Јотова синоќа ги собра македонските Бугари во амбасадата во Скопје, а желба за средби со државниот врв не изразила. Официјална Софија била благодарна за храброста што заедницата ја бранела бугарската самосвест.

  • „Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам – нема да има ниту педа напредок во преговорите на Северна Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК и мисијата на ЕК, со кои ќе се почнат вистинските преговори“, рече таа, пренесе бнр.бг.

Јотова откри Бугари и на Косово. 15.000 жители броела бугарската заедница таму а населението живеело во општините Драгаш, каде што била застапена во 20 села, Призрен во 19 села, Ораховац и Штрпце, каде во 10-тина села имало етнички Бугари.  Освен во Македонија, целта на источниот сосед е и бугарското малцинство во Косово да добие официјален статус на заедница. За тоа поднеле и петиција во косовскиот парламент со 466 потписи, а претседателката Вјоса Османи им дала ветување на бугарските власти дека процедурите биле во тек.

  • „Во нејзиното лице гледам гарант дека овој пат нема да се изгубат потписите и ќе поминат низ парламентот, откако таа ме увери дека разговарала со комисијата за етнички прашања на парламентот на Косово и со премиерот“, подоцна им изјави на бугарските новинари Јотова. 

Бугарија обезбедувала можности за високо образование за младите Бугари од Република Косово, а се држеле и курсеви по бугарски јазик. Намерата на бугарската држава, било да се отворат и викенд – училишта во поголемите градови за малцинството да го изучува бугарскиот јазик и да се зачуваат традициите и културата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста