Јовески ја искaра Рускоска: Низа пропусти имало во претресот во Управата на Муареми

Луѓето на Вилма Рускоска кои упаднаа во Управата за финансиска полиција  криеле информации, ја прекршиле постапката, делувале без доставен доказ и постапувале без надлежност. Сето ова фрла сомнеж дека нешто не е во ред во овој упад. Државниот јавен обвинител се вмеша во судирот меѓу Рускоска и Муареми. Неговите обвинители кои вршеле увид во постапаката и претресот во Управата утврдила куп неправилности, со што практично Јовески како да одбра страна во овој судир на институциите.  

„Тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава. 

Анонимната кривична пријава и конкретните наводи во неа, непоткрепени со ниту еден доказ или со други средства, можат да бидат повод за поведување кривична постапка, но таа не обезбедува определен степен на веројатност дека ќе се пронајдат траги на кривичното дело  или предмети важни за кривичната постапка за да има основи за барање на претрес на простории на државен орган  и претрес на лице“ велат од Јавното Обвинителство.

Дополнително велат од кај Јовески, предмет немало оформено, туку ова биле само првичните дејствија по анонимната кривична пријава, во чиј прилог не бил доставен ниту еден доказ.

Обвинувањата помеѓу главните институции во државата започнаа пред две недели откако истражители на Рускоска два дена ја тресеа Финансова на Муареми. Тој пак два дена беше недостапен за новинарите, а откако се појави поднесе претставки до Државното обвинителство и Судскиот совет за да се преиспита работата на Обвинителството на Рускоска. Овие намерно исценирани и неосновани напади според Муареми доаѓале од ист центар. 

Случајно или не, неколку дена подоцна на социјалните мрежи се појави снимен телефонски разговор во кој глас кој звучи како да е на Рускоска, и говори дека екс директорот на УБК, Владимир Атананасовски го заборавила во притвор два месеци.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста