Јовевски контра статистиките за недовербата во судството, САД со критики

Уште една критика за македонскиот судско – обвинителски систем, директно од Соединетите Држави. Од американската амбасада во Скопје велат дека во изминативе три децении за реформи, добро владеење, независни институции во земјава вложиле над 560 милиони долари, а резултатите се далеку од очекуваните.

Очекуваме инвестицијата по значителната поддршка што му ја дадовме на правосудниот сектор да донесе резултат. Сепак, меѓународните партнери не се тие што можат да ја вратат вербата на граѓаните во нивните домашни институции.

Раководството на Северна Македонија мора да биде креатор на позитивни промени. Лидерите мора да покажат вистинска посветеност за независност на судската власт и за отстранување на политичкото влијание од судството. До сега не видовме доволен напредок на тој фронт, велат од Амбасадата на САД во Скопје

Ова е ставот на амбасадата на Соединетите Држави искажан преку Гласот на Америка.

Но, надлежните овде како да не сакаат да слунат. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски вели дека јавноста имала погрешна перцепција.

„Загрижвачки е фактот за доверба од 4 %, но треба да се земат во рпедвид и оние 20% од гражаните кои делумно им веруваат на правосудните институции“, вели Љубомир Јовевски, државен обвинител на Македонија

Довербата на македонските граѓани во судовите и обвинителствата е на историски најниско ниво од само 4%, покажува најновиот извештај на ИРИ. Критики за истото постојано стигнуваат и од меѓународните партнери, пред се Европската Унија и Соединетите Држави.

И наместо да има напредок, последниов период има назадување, особено по низата скандали минатиов период – од изборот на шефот на организиран криминал Ислам Абази, отстранувањето на неговата претходничка Вилма Русковска, оставката на претседателката на судскиот совет Павлина Црвенковска која рече која изјави дека се надева оти наследникот ќе биде поподобен за бизнис – судската елита, надледникот беше Весна Дамева, која никогаш не била судија, но која како дел од биографијата го има и членството во правната комисија на СДСМ. И капак на се е семејното стебло во Академијата за судии и јавни обвинители.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста