Јаневски за Алфа: Власта е лоша, предвремени избори мора да има, блокадата на Собранието нема да е доволна за Владата да прифати

Власта владее лошо, избори треба да има уште утре, но тешко дека Владата би прифатила во овој момент, смета новинарот Дарко Јаневски. Последните анкети покажуваат огромна недоверба во владиниот кабинет предводен од Димитар Ковачевски, па според Јаневски јасно е зошто власта не прифаќа изборно соочување. Вели дека евентуални предвремени парламентарни избори, би можеле да се очекуваат кога Македонија би го добила тој толку долго очекуван датум за старт на преговори со Европската унија, кој речиси сигурно нема да го има ниту во јуни.

-Дали владее лошо мислам дека тоа не е спорно за никого. Оваа Влада и претходната не се способни да испорачаат тоа што им треба на граѓаните, тука нема дилема никаква. Они ќе ја префрлат целосно вината на Бугарија, гледате сега како ретерира Османи, сега глуми Док Холидеј, колку е он цврст, демек доста било, изјави Јаневски за Алфа.

Јаневски е на ставот дека покрај блокадата на Собранието, опозицијата треба да ги искористи и сите други можни механизми да ја убеди власта за предвремени парламентарни избори, кои во моментов никако не им одговараат.

-Треба да да ја натерате, треба да прифати тоа кога вас ви одговара, за тоа требад се создаде една поинаква атмофера од таа што во моментов владее. Се што е на располагање, не е доволно само еден механизам, не е доволно само блокада, иако еве сега гледаме доаѓа ред ќе остане за на есен, не треба само блокада. Само со блокада не, се што е на располагање треба од одма, уште од денес, изјави Јаневски.

10-ти мај е денот кога започнува блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Бојан Стојаноски, во гостување во утринската програма на Алфа, порача дека ова е само прв механизам, во серијаа кои ќе следуваат со цел пад на власта.

-Сите чекори и сите инструменти кои што ни се на располагање за да предизвикаме датум за предвремени избори, на кои што ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата ќе ја однесе најубедливата победа досега, изјави Стојаноски.

Инаку, според последната анкета на ИПИС, ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема поддршка кај граѓаните. Доколку утре се одржат избори за најголемата опозициска партија би гласале 21,2 проценти од граѓаните, додека пак за владејачката 16, 2 проценти. Додека пак 39,1 отсто сметаат дека се потребни предвремени парламентарни избори за излез од кризата во која се наоѓа Македонија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста