„Јагео“ ја објави најголемата инвестиција во Македонија

Делови и компоненти за „Тесла“ и „Епл“ произведени во  Македонија. Тајванската групација „Јагео“ ги обелодени плановите за проширување на инвестицијата во Македонија. Договорот кој беше потпишан во Тајпеј, го добива  епитетот најголема гринфилд инвестиција во Македонија. Со вкупен износ од 205 милиони евра и план за отворање на 3.900 работни места во период од десет години. Позитивното искуство од работењето на „Кемет“ на македонскиот пазар, кој пред две години стана сопственост на Тајванската групација била клучна за одлуката.

  • Направивме многу истражувања во регионот, но две причини за нас беа пресудни да ја одбереме Македонија за оваа инвестиција. Првата беше досегашното 10 годишно искуство од работењето, но и позитивниот однос и поддршка што ја довивме од страна на владата. Дополнително за нас е важна стабилноста на државата, но исто така и квалитетот на работната сила“, изјави Дејвид Ванг, главен извршен директор на Јагео.

„Јагео“ планира да изгради два нови производствени капацитета, Едниот во Скопје, а вториот во Штип. Првично, фокусот ќе биде зоната во непосредна близина на метрополата каде изградбата треба да стартува во текот на наредната година.

За првиот човек на ТИРЗ, инвестицијата е од големо значење, не само поради фактот што е досега најголема, туку и што е добиена во конкуренција со земјите од регионот:

Потписот на договорот преку видео конференциска врска го поздрави и македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој нагласи дека влезот на „Јагео“ на македонскиот пазар е за доброто на сите граѓани и додаде дека концептот на привлекување на инвестиции дава резултати.  

Инвестицијата на „Јагео“ отвора можности и за домашните компании кои добиваат можност да станат дел од снабдувачкиот синџир на компанијата:

„Јагео“ е основана во 1977 година и се смета за еден од најголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електроника. Има 49 производствени капацитети на глобално ниво со 40.000 вработени, со годишен обрт од над 4 милијарди долари.

Костадин Делимитов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста