Јавноста збесна по одлуката на Уставен за повисоки плати на функционерите за 78%

Коски за народот, месо за политичарите. Граѓаните бесни за неверојатното зголемување на функционерските плати, експертите критикуваат .

  • Анкета: „Не сме изненадени многу, они само во нивна корист, тоа е.. “ „Катасрофа, нелогично и безобразно“.. „Не го одобрувам, тоа е премногу, сепак треба спрема народот и сите“ „40 години работа 12.ООО денари пензија они по илјада евра, а мене ми качиле 800 денари…“ велат граѓаните.

Академик Таки Фити за Алфа остро го критува зголемувањето на функционерските плати.  Во економска криза ваквата одлука според него е загрижувачка и не враќа во времињата на транзициската ера кога политичарите си ги покачуваа платите за 100 проценти.

  • „Ме врати на едни поранешни времиња, уште на правата Влада и првиот Парламент кога се донесе првата макдонска антиинфлациска програма и таа падна во оној момент кога пратениците донесоа одлука да си ги зголемија платите за 100 проценти. Каков одраз тоа ќе има инфлациски бидејќи станува збор за големо зголемување и каков ефект индуциран ќе има ефект врз други области каде луѓето штајкуваат и перманентно бараат зголемување на платите и на тоа мора да се размислува“ вели Таки Фити за Алфа.

Премиерот без проблем ќе може да си купува и брашно, јајца и млеко и по одмрзнати цени. Или палачинки не ќе мора да прави оти со покачената плата може по три пати на ден да си дозволи кафеана или ресторан.

  • Сега ќе земам и јајца и брашно и ќе видиш кој прави најдобри палачинки“ рече премиерот.

Како ќе изгледаат новите плати по одлуката на уставен. Претседателот Пендаровски чија досегашна плата изнесува 1500 евра, од утре ќе зема околу 2800 евра.

На спикерот Талат Џафери новата плата ќе му биде колку и на премиерот, околу 2 500 евра министерите пак наместо досегашните 65 изјади денари, ќе земаат нешто под 2 илјади евра.

На пратениците. платите ќеим пораснат за по 700 евра.

Близу 80% повисока плата ќе добијат и судиите меѓу нив и уставните кои едногласно ја донеле одлуката за укинување на законската одредба, сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции. Сега, по одлуката на судот, основицата од околу 26.000 скокна на над 46.000 денари а со тоа и платите на функционерите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста