Јавноста бесна – За нас нема термини и лекови, Меџити со „султанска“ одлука ќе го лекува соседството

Жестоки рекации во јавноста, откако министерот за здравство Фатмир Меџети, вчера одлучи да ги изедначи цените за приватно лекување на граѓаните на Косово и Албанија со македонците во државните клиники. Министерот ја правдаше одлуката, велејќи дека граѓаните на Косово и Албанија не биле странци, па затоа во државното здравство тие ќе се лекувале по исти цени како и Македонците.

Јавноста е гневна затоа што државјаните на Косово и Албанија не плаќаат даноци во земјава, а македонското здравство е на колена, и не може да одговори на потребите на домашните пациенти, кои со месеци чекаат термини и терапии.

– Пациент, кој плаќа данок и пациент од соседна држава не можат да бидат еднакви. Министерот во неговата приватна амбуланта може бесплатно да им дава услуги ако сака, но јавното здравство е она што го плаќаме ние.
– Косовските и албанските граѓани каде ги уплатуваат своите придонеси за здравство, кој е нивниот придонес за изградба на мнакедонските здраствени институции, за да плаќаат исти цени како и Македонските граѓани.
– Немате пари за трикафта, ќе лекувате државјани на други земји кои не плаќаат данок ни здравствено во Македонија. – Се дел од реакциите.

Министерството за здравство уште од синоќа почна да се обидува да ја оправда одлуката. Велат странските државјани за приватно лекување во Македонија сега ќе плаќаат исто како нашите државјани кои немаат здравствено осигурување.

  • „Иста е ценатa. Македонските државјани кои што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците, бидејќи се работи за приватна услуга.“ – Појаснуваат од министерството за здравство.

Во соопштението од министерството нема информации за тоа, дали одлуката има реципроцитет, односно дали и македонските граѓани исто така ќе можат да се лекуваат во Албанија и Косово по пониски цени.

Реагира и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Македонија се чека на донации и кредити за да се реновираат болниците, а здравствен кадар има се помалку, што ја прави оваа одлука несериозна и со штетни последици на долг рок.

  • „Додека нема пристап до здравствени услуги и нашите граѓани не можат да дојдат до здравствена услуга, властите иако без решенија за проблемите на нашите граѓани кои плаќаат осигурување секој месец без разлика дали користат или не здравство, одлучија повеќе да се грижат како лица од други држави да плаќаат за услуга како и македоснките граѓани. Нејасно е колку оваа мерка ќе ги чини македонските граѓани и како ќе се дојде до тие пари во македонското здравство и како македонските пациенти ќе се лекуваат во здравството.“ – Изјави Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

На социјалните мрежи се огласија и од народното правобранителство, од каде велат дека одлуката е скандалозна.

  • „Лекувањето на државјаните на Косово и Албанија под исти услови како и граѓаните на Македонија е скандалозно‼ Ова прашање може да биде регулирано само со билатерален договор помеѓу државите, под реципрочни услови, а не со наредба на министер. Неофицијално, вакви договори не постојат! Беззаконието мора веднаш да запре!“ – Велат оттаму.

Инаку, фондот за здравство е финансиски неодржлив и постојано мора да се надоплонува од државниот буџет.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста