Ѓорѓиевски: Никој не успеал да го понижи овој народ, како што тоа го направи сегашната власт

„Ниту еден политичар како нив не успеал до толку да го понижи овој народ, и да манипулира. Ние сме целосно девастирани како народ и како нација, на секое поле. Не само на национален интерес. Може да говориме за состојбите во здравството, во урбанизмот, во образованието“ – рече во емисијата на телевизија Алфа, „За или против“, градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Тој вели дека овие тврдења ги базира на неговата комуникација со граѓаните.

„Незадоволството е сериозно, како никогаш до сега. Има сериозна разочараност и она кон кое ние треба да се стремиме, како политичка партија, но и кога Мицкоски ќе стане премиер на Македонија, ќе се насочиме на враќање на довербата на граѓаните во институциите, борба против корупцијата и владеење на правото. Ние се стремиме кон ЕУ, но никако да ја приближиме ЕУ до нас. Ако ние станеме членка на ЕУ, а не смениме ништо во институциите, и не смениме модел на практикување на власта, ние ништо нема да направиме, нема да тргнеме напред никогаш. Половина наш народ замина од државата, не само поради финансии туку и поради недовербата во институциите. Ние се чувствуваме дека македонскиот народ нема на кого да се потпре“ – вели Ѓорѓиевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста