Ѓорчев: Преспанскиот договор е далеку од завршена работа

Преспанскиот Договор не е затворено прашање и остава простор Грција во иднина да излегува со нови барања и условувања за Македонија. Ова е ставот на поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев кој во емисијата „Што не е јасно“ рече и дека Уставниот суд допрва треба да се произнесе за начинот на кој беше ратификувана спогодбата како и за начинот на кој беше променет Уставот по неуспешниот референдум.

„Ниту еден уставен суд нема право да рече да, против волјата на народот, кога македонскиот народ кажал оти не ска да му биде променето името, без разлоика какви конскевенци ќе им после тоа. Самиот начин на изгласување на преспанскиот договор, без анализа на далекусежните последици, дека едно е на македонски, друго е на англиски. Факт е дека португалската министерка не нарекуваше северно-македонци, факт е дека се зборува за северно-македонски јазик во предлозите. Факт е дека таа формулација во договорот произведува многу небулози и непознаници.“ – Истакна Маријан Ѓорчев, поранешен дипломат.

Ѓорчев смета и дека меѓу Грција и Бугарија постои тајна дипломатија, а потпишувањето на Преспанскиот Договор и задоволувањето на барањата на Атина само ги зголемува апетитите на Софија.

– „Меѓу Бугарија и грција има тајна дипломатија, која работи за услогласување на нивните дејствија против Македонија. Делбата на македонија е решено макеоднското прашање, што е грешка на Европа. Тоа нема да го признаат, затоа ни прават вакви притисоци. Ако признаат, ќе треба да кажат дека уште со Хрватска требаше да влезат во ЕУ. “ – Додава Ѓорчев.

Поранешниот амбасадор вели дека Преспанскиот договор го промени уставното име на Македонија, но не ја оствари главната цел – интеграција во Европската Унија. Оттука, додава тој, неговата примена треба да биде во најмала рака одложена барем до моментот на полноправно членство.

Новинар: Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста