Ѓоргиев: Ако историјата влезе во преговарачката рамка, тешко до напредок за Македонија, немаме согласност за некои историски прашања

Ако историјата влезе во преговарачкиот процес за членство во Европската унија, тешко дека Македонија може да напредува на европскиот пат. Ова е ставот на претседателот на македонскиот дел од историската комисија со Бугарија, Драги Ѓоргиев.

-(ДАЛИ СПОРЕД ВАС Е ДОЗВОЛИВО ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС?) Веќе ви реков според мене историјата и историските разговори меѓу двете држави треба да останат надвор од политичкиот процес на разговори (АКО БИДАТ ДЕЛ ДАЛИ Е МОЖНО ДА СЕ ДОЈДЕ ДО РЕШЕНИЕ?) Тогаш треба да се внимава пред се да не дојде до тоа, апсолутно не смее да дојде до тоа, ако се случи такво нешто тогаш мислам дека ќе биде многу многу тешко да се заедно вклопат политиката и историјата, изјави Ѓоргиев.

Бугарските барања кога е во прашање историјата се и повеќе од големи и ги надминуваат македонските црвени линии. Самиот Ѓоргиев порачува дека во моментов има големи разлики по некои историски прашања.

-(ДАЛИ ЗА ВАС МОМЕНТАЛНО СЕ ПРИФАТЛИВИ БУГАРСКИТЕ ГЛЕДИШТА НА ИСТОРИЈАТА?) Мислам дека резултат од комисијата покажува дека има големи и дека нема апсолутно согласност на двете страни за одредени историски прашања, изјави Ѓоргиев.

На став дека вакво нешто не смееме да прифатиме е и универзитетската професорка по историја Наташа Котлар. Таа вели дека никој не смее да ја менува историјата на Македонија.

-Ние треба тоа да го одбиеме , бидејќи историјата што е создадена на македонска почва, таа резултат на народот, народот ја создава македонската историја и никој не може да се пазари или да одзема или да додава повеќе на таа македонска историја. Мислам дека тоа е крајно погрешно, треба нова надворешно- политичка стратегија и тактика. Достоинството на еден народ е првата определба која што треба да постои во комуникацијата на народите, изјави Котлар.

Инаку, одамна се познати бугарските историски барања, а тие директно удираат по македонската историја. Едно од нив е да сме признаеле дека Гоце Делчев покрај македонски бил и бугарски херој, како и дека македонскиот јазик до 1945-тата година бил дијалект на бугарскиот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста