Шукова ќе бара информации за скандалозната градба во заштитениот појас на охридското крајбрежје

За градежните активности кои се изведуваат на самото крајбрежје на албанската страна од езерото кај селото Тушемиште, министерката за животина средина Каја Шукова вели дека прв пат слушнале вчера и тоа од медиумите, иако претходната неделка имало состанок на Комисијата за Унеско, но ваква нформација никој не споделил.Од албанската страна немаме никакво официјално известурвање што се градби во непосредна близина на Национален парк Дрилон, биолошки резерват заштитен од УНЕСКО. Тие се одговорни за тоа што го прават на нивната страна ,ние не се мешаме во работите на Република Албанија,меѓутоа ќе има препорака дека треба да се внимава што се прави, особено на крајбрежниот појас-вели Шукова.

  • “За секоја една активност која што е во рамките на Охридското езеро,  прво треба да бидеме информирани и второ навистина треба да внимаваме што правиме.И македонската и албанската страна не треба да си дозволиме понатаму  да одиме со нови објекти кои ќе го загрозуваат Охридското езеро,  секако основа за сето тоа треба да биде комуникација”-вели Шукова.

Планот на албанскаиот премиер Рама кој намерачил да гради пристаниште и шеталиште на целата крајбрежна зона од Дрилон до Тушемиште,проект кој како што дознаваме чинел 22 милони евра, наиде на силни критики од албанските но и од македонските експерт.

  • Македонија и Албанија имаат воспоставено еден заеднички комитет во рамките на Унеско каде што сите проекти поврзано со Охридското езеро  треба да се договараат заеднички и со консезус, така што за било која интервенција мора да се праша и македонската страна но и обратно.Според она што Унеско го бараше, според нивните последни реактвини мисии тие забранија секакви интервенции да се вршат на брегот, независно дали е на македонска или на албанска страна”-вели Ѓоко Зороски,инженер за животна средина.

Албанскиот премиер не наведе дали пред да започнат овие активности се консултирани стручни лица или соодветни научни институции, дали е направена стручна оценка за влијанието врз животната средина, колкав ќе е притисокот врз другите животински и растителни врсти. Неодамна, на средба со неколку организации од Поградец, Тушемишта и Тирана ни беа споделени загрижувачки информации. Заткулисно, се прави простор за ваквите проекти, иако државата се обврзала дека ќе го заштити тој дел од Охридскиот Регион-реагираат и до неформаланата граѓанска иницијатива Охрид СОС.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста