Штрајкот најмногу ги погодува пациентите, пред другите институциите без поголем метеж

Граѓани со часови чекаа да завршат работа во Градската болница Св.Наум Охридски. Поради генералниот штрајк на јавниот сектор, работеа само 10 проценти од вкупните капацитети на здравствени работници во болницата, па граѓаните на кои им беше неопходен доктор мораа да чекаат за да стигнат на ред.

  • Чекавте многу? – Па, три, четири часа, тоа е.. – Од седум часот сум дојдена колку е часот? Ова е срамота треба да се организираат, а не да паѓаме во несвест, ми се повраќа од чекање. -Мене не ме примија. Не чекав многу, 20-тина минути, ама не работи се. – Еден час чекам, за да извештај. – Од седум сабајле до сега. Уште не сум завршил работа, чекам резултат од крв, уште не е готов. Како гледате на штрајкот на ССМ? Катастрофа. – Па, ги поддржувам – велат анкетираните граѓани пред Градската болница.

Штрајкуваа и службениците во судовите, полицијата, управата и вработените во општините… Алфа направи обиколка во  повеќе институции каде не забележавме поголем метеж од граѓани кои чекаат за да завршат работа.

  • Трае протестот на службениците внатре? – Да, ми рекоа да. Кога ви рекоа да се вратите? – Па ќе се вратам за 20-тина минути. Колку шалтери работат. – Два и еден за подигање документи. Има гужва внатре? – Не, нема – вели еден граѓанин пред Катастар.

Ниту пред општина Карпош немаше редица од граѓани. Од таму велат дека поголем метеж имало вчера бидејќи луѓето знаеле дека денеска ќе се штрајкува, па побрзале да завршат работа. Најверојатно очекуваните многубројни редици пред институциите не се гледаат и заради летните одмори и високите температури.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста