Што содржи протоколот? Бугарските медиуми го објавија она што го кријат македонските власти

Македонија ќе мора да ги смени учебниците, да го отвори Уставот и да ги направи Бугарите од Македонија заедница а не малцинство, односно да станат државотворен народ, ова стои во официјалниот текст на билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија. Македонската влада го крие како државна тајана, ама затоа бугарските медиуми во целост го објавија билатералниот протокол меѓу без кој нема почеток на преговорите со ЕУ. Бугарскиот портал „Офф Њуз“, го објави текстот на протоколот кој е дел од извештајот на министерката за надворешни работи во заминување Теодора Генчовска доставен до собраниската комисија за надворешни работи. Како што пишува порталот, во извештајот јасно било наведено дека актуелната влада на Македонија е подготвена на отстапки се додека е во состојба политички да се оправда пред своите гласачи.

Во однос на јазикот, во протоколот е наведено дека Бугарија не прифаќа и нема да прифати, експлицитно или имплицитно, постоењето на „македонски јазик“ во етнички и историски контекст, како што е наведено во Рамковниот став. Според протоколот, историската комисија мора да продолжи со состаноци оттука да се потпишуваат нови протоколи, во кои е можно да се вметне постигнатиот договор за нови теми. Се инсистира и на отворање на досиејата и на поранешните безбедносни служби, вклучително и измени на законодавството.

Иако тројката Ковачевски, Маричиќ и Османи оркестрирано велат дека протоколот не е дел од преговарачката рамка, се покажа дека не ја говорат вистината. Напротив без протоколот Бугарија нема да одобри почеток на преговорите.

-Улогата на записниците од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија според чл. 12 е правно поврзан со спроведувањето на Договорот од 2017 година.Согласно чл. 12 ст. 2 од Договорот од 2017 година, „Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни состаноци еднаш годишно, со цел да се разгледа ефективната имплементација на овој Договор, да се усвојат мерки за подобрување на билатералната соработка, како и да се решат прашањата кои ќе произлезат при спроведувањето на Договорот.

Според извештајот на Генчовска најголем напредок бил направен од месец мај и тоа за исклучително краток временски период, ама во одбраната на бугарската позиција на билатерална и европска основа.

Рамката за преговори предвидува дека Македонија ќе „усвои“ Акционен план за заштита на правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата или заедниците, а Имплементацијата на овој Акционен план ќе биде предмет на постојан надзор. Со ваквиот француски предлог, и со оглед дека тоа стои јасно напишано во документите кои ги објавија бугарските медиуми се раздвојува пакетот Албанија и Македонија на патот кон европските интеграции.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста