Што бара Бугарија од Македонија? Откажување од јазикот, идентитетот и историјата!

Македонија да прифати дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, Илинденското востание и Гоце Делчев се дел бугарската историја, а македонските историски учебници да бидат ревидирани – ова се клучните поенти од Бугарската Резолуција усвоена во Народното Собрание на која се повика премиерот Кирил Петков како клучно за тргање на ветото.

-Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања  по прашањето на Pепублика Mакедонија. Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.

Македонските власти молчат за ваквиот ултиматум…Премиерот Ковачевски го коментира распадот на бугарската влада но не и барањата кои ги поставија. Шефот на државата воопшто не зборува на таа тема, а главниот преговарач со Бугарија, министерот Бујар Османи кој не гледа ништо спорно Бугарите да бидат дел од Уставот, вели дека неприфатливо било  прашањата кои што се однесуваат на Историската комисија да влезат во преговарачката рамка на земјава за членство во ЕУ.

За ВМРО ДПМНЕ барања на Петков се неприфатливи. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски бара гаранции од Бугарија дека нема да има отворени прашања, но и да се поништи декларацијата изгласана во бугарскиот парламент.

Согласно рамковната позиција на Бугарите се бара усогласување на учебниците по историја и текстовите за случувањата во 19-от и 20-от век да се презенитираат на јазичната норма на која се оригинално напишани.

По примерот на Преспанскиот договор и барањата на Грција во однос на јазикот и Бугарија со зголемени апетити бара да се употребува фразата службен јазик на Македонија. Во случај на апсолутна потреба на користење на терминот македонски јазик во документите и и позициите на ЕУ секогаш да се додаде фусноста дека е во согласност на Уставот на Македонија.Треба да се наведе дека јазичната норма која е наведена како уставен јазик во Македонија е поврзана со еволуцијата на бугарскиот јазик и неговите дијалекти во поранешната југословенска република по нивната кодификација во 1944 година.Ниту еден документ не смее да смета за признавање на бугарската страна на постоење на т.н македонски јазик како различен од бугарскиот.

Македонската влада веќе се откажа и од малцинството во Бугарија, кое е едно од точките на бугарската Резолуција, која покрај откажувањето предвидува Македонија да испрати допис до Советот на Европа да не дава нивна поддршка.

Ќе ги прифатли ли Македонија сите овие барања на бугарските власти откако не само сосесдот туку и европските функционери го зголемија притисокот за решение и потпишување на нов договор меѓу македонија и Бугарија до самитот на карјот од месецов…

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста