Штип пак се бори за општинска обврзница, Јорданов: Парите не ни се плати, туку за капитални проекти за штипјани

Нова надеж за  Штип да  добие  општинска обврзница. Градот по втор пат почнува постапка за обезбедување на пари за реализација на изградба на обиколница, булевар,мала хидроцентрала. Првиот пат откако се сопнаа на административни забелешки овој пат,градоначалникот на Штип смета, дека кај власта ќе преовлада разумот.  Повика на разумно  донесеување на одлука која ќе биде во полза на народот.

„Не се ниту мој, ниту на одредена политичка партија, туку ќе бидат на граѓаните. Дел од овие проекти што би се реализирале трајна корист ќе имаат сите. Корист ќе имаат и функционерите од владеачката партија, бидејќи сите ќе транзитират по таа обиколница. Општинската обврзница не ја земаме за да обезбедиме плати, туку капитални проекти„-изјави градоначалникот на Штип, Иван Јордонов.

Деновиве се очекува да пристигне и Одлуката од Комисијата за хартии од вредност. Претходно зелено светло даде и Министерството за финансии.

„Добивме согласност од Министерството за финансии, што значи дека општината е ликвидна, ги враќаме сите заостанати долгови, камати и обврски коишто во минатото ЈП Исар, а индиректно и Општина Штип ги имало кон министерството, за да ја добиеме оваа потребна согласност„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

По првото одбивање од Владата, процесот годинава се повторува од почеток.Се планира со издавање на 8000 обврзници, да се обезбедат 4милиони евра. Инаку минатата година голем дел од општините пробаа да издадат општински обврзници, но ниту една не доби зелено светло. Според опозицијата недонесувањето на ваквите одлуки е од политички каприц, од кој загуба имат само граѓаните. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста