Штип е пионер во реализација на капитални проекти преку општински обврзници

Со издавање на општински обврзници, до реализација на капитални проекти. Во регионот, Штип ќе биде пионер во овој начин на задолжување. Се планира со издадавање на 8000 обврзници, да се обезбедат 4милиони евра. Временскиот рок за враќање на обврзниците е 7години, со фиксна каматна стапка.

  „Она што нам ни одговара е кога е фиксна каматната стапка во време на инфлација, инфлацијата може да биде поголема од каматната стапка и со тоа на долг рок општината да има бенефит. Тоа е разликата помеѓу обврзницата и кредитот„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

 Со парите е предвидено да се изгради булевард кој ќе ги поврзува населбите Баби и 8ми Ноември, обиколница на потегот од населбите Железничка и Пребег кон Ново Село, проширување со конзули на две главни сообраќајници, како и изградба на фотоволтаични централи.

   „Ќе направиме фотоволтаични централи и мала хидроцентрала со турбина во ЈП„Исар„затоа што формиравме претпријатие кое ќе произведува струја . И со средствата што ќе ги прибереме бидејќи истата оваа струја ќе се продава на слободниот пазар ќе се сервисираат ратите и ќе се плаќа обврзницата којашто ќе биде издадена„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Купувачите на општинските обврзници можат да бидат домашни и странски физички и правни лица. Понудата ќе биде успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60% од понудентите обврзници. Министерството за финансии даде согласност,а вечер Владата треба да донесе одлука, по што ќе започне и постапката за продажба и купување на обврзниците.   

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста