Штип бара Министерство за финансии да им ги отпише долговите за камати, пракса која досега се применувала и во другите општини

 Штипската локална самоуправа од Министерството за финансии бара ослободување од наталожените камати за кредитот кој пред дваесет години е издаден на ЈП„Исар„. Со донесување на ваква Одлука градот ќе се развива, а не како што е случајот сега, да биде општина задолжена  и условена од страна на Министерството за финансии, порача градоначалникот на Штип

  „Во минатотот со одлука на Влада многу општини беа ослободени од плаќање на овие камати, од плаќање на зголемени и заостанати долгови коишто ги имале само со една одлука на Влада„ рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

 По овој основ, само лани општината плати над 1 милион евра. Средства кои можеа да се пренаменат за изградба на градинка, булевари и улици.  Исто толку пари во општинскиот буџет се планирани и за оваа година.

  „Доколку не бевме приморани да ги враќаме овие камати наталожени со години, сигурно овие финансиски издадоци граѓаните ќе можеа да ги видат во непосредни капитални проекти„ рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов

Во моментот долгот на ЈП„Исар„ е 4милиони евра. Поради нередовно сервисирање на кредитот, камататата во изминатите дваесет години е зголемена за 220%.  

Александра Ристевска  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста