Штипјани седум години чекаат Клинички центар- локалната власт го деблокираше, Владата е на потег

Точно по седум години од ставањето на темелите, новата штипска болница за граѓаните од Истокот останува недостижна реалност. Наместо најсовремен објект што требаше да биде готов за три години од стартот на градежните активности, денеска е само бетонски габарит. Граѓаните се песимисти велат, со вакво темпо на градба уште многу години ќе треба да се чека за Штип да добие современ клинички центар…

 „ Јас сум комшија таму, ништо  не се гради, парите изгледа ги изедоа. Најверојатно ќе се гради уште толку. Иако Штип е центар во регионот, ние пак мора да трчаме по лекари во Скопје„коментираат анкетираните штипјани.

 Лани во септември, откако подизведувачот Бетон се откажа од каматите и се соглси подоизведувачот Интракарт долгот од 2милиони да го плати на рати, по подолг период работите тргнаа од мртва точка. Токму и овој судски спор за наплата на сработеното, од власта го посочуваа како единствена причина за стопирање на градежните активности, но и Банката за развој при Советот на Европа да го повлече кредитот во вредност од 14милиони евра. Во меѓувреме изградено е само 40% од предвиденото, а граѓаните се уште се лекуваат во болницата со десеткуван кадар..

Кататрофа! Син ми работеше една година како доктор. Му ветуваа дека ќе го вработат и ништо. Ова е страшно, нема лекари, нема термини, а и тие доктори што останаа не можат да постигнат„коментираат штипјани.

Каква стратегија ќе крои новиот министер за здравство Алфа праша и во министерството, но не добивме одговор.

    Објектот почна да се гради во март 2016. Според проектот здраватвениот комплекс е на 8нивоа со 300болнички кревети и требаше да биде прва државна болница со систем на пнеуматска пошта.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста