Штипјани на референдум ќе одлучат дали ќе се обновува водоводната мрежа во градот

На јавна дебата почна да се разгледува можноста со парите од самопридонесот да се менува старата и дотраена водоводна мрежа во Штип. Граѓанските активисти ја поддржуваат иницијативата велат, честите дефекти  наложуваат  парите час поскоро да се пренаменат.

Сите сме сведоци дека во Штип често има дефекти. Снабдувањето со вода е суштински проблем и треба да се прифати„-изјави Данче Калајџиеска- „НВО Виножито„.

„ Нешто што е приоритет! Во 21век.. азбестни цевки, водовод! Мислам дека е нешто приоритетно и се надевам дека нема да се чека до 2024„-изјави Кристина Ампева, граѓански активист.

Според градоначалникот  референдумот на кој граѓаните треба да се одлучат што понатаму со парите, би било добро да се спроведе заедно со парламентарните избори. На тој начин општината ќе заштеди пари, а ќе се постигне и потребниот процент на излезеност.

 „Кога и да се случат парламентарните избори, дали тоа ќе биде во септември или во 2024, сепак сметам дека на тој начин полесно ќе се стигне до консензус и до потребниот процент на излезност, а дополнително е што ќе се заштедат средства  пари на граѓаните„-изјави Ивван Јорданов, градоначалалник на Штип.

Станува звор за околу еден милион евра, парите стојат на посебна трезорска сметка. Според првичните калкулации овие средства нема да бидат доволни за замена на и 30км примарна водоводна мрежа со цементно азбесни цевки, па  поради тоа со кофинансирање ќе се вклучи и општината. Претходно во Штип имаше два неуспешни референдуми, на кои граѓаните гласаа за спортска сала и изградба на брана на река Отиња. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста