Штипска Автокоманда се дави во кал, Јорданов: Бочварски е одговорен!

Жителите на штипската населба Автокоманда газат во кал, а  виновн за тоа е министерот за транспорт и врски, обвини денеска градоначалникот на Штип.  Според него, со неасвалтирањето на трите клучни улици, централната власт создава искривена слика кај жителите. И покрај тоа што е потврдено и од министерството и од надзорот дека се создадени сите услови, и до 9ти февруари да се завршат, истите не се асфалтират.

„Најголемите работи, промената на водоводната и канализациона мрежа се завршени од страна на Општина Штип, Но тоа коешто се случува во овој момент е изживување од страна на Министерството за транспорт и врски„ рече градоначалникот на Штип,Иван Јорданов.

Јорданов од Бочварски побара да му одговори зошто се уште не раскинат договорот со фирмата изведувач која била блокирана од страна на сите банки.  

Дали има одредена финансиска корист министерот за транспорт и врски? Зошто досега го нема раскинато договорот со фирмата изведувач која не се придржува до договорот и не асфалтира„-рече Јорданов

Од Министерството за транспорт и врски наместо конкретен датум кога ќе се започне со асфалтирање, одговорија дека ги имаат исплатени сите фактури кон изведувачот и понатаму процесот на градење е предаден на надзорниот орган и изведувачот. Асфалтирањето на трите улици е со заем од Светска Банка.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста