Штипската болница добри рендген апарат, донација од Јапонија

Подвижен ренген како донација од Јапонија доби штипската Клиничка болница. Апаратот  првенствено  ќе биде наменет за пациентите болни од Ковид, но доколку и понатаму продолжи  позитивниот тренд во намалување на бројот на новозаболени, истиот ќе се користи и на други одделенија.

Овој апарат ќе биде дислоциран на друг одделе каде и понатамуи ќе им служи на пациентите. Првенствено ќе биде сместен во одделот за ортопедија и трауматологија“-изјави Ален Геопргијев дир. на КБ-Штип.

  “Во изминатите шест месеци на овој апарат се направени повеќе од 90 ренген снимки што помогна Инфективното одделение да го намали ширењето на Корона вирусот“-изјави Савада Хиронори, Амбасадор на Јопонија.

Досега Штип има реализирано шест проекти финансирани од јапонската амбасада. Соработката не престанува овде, посочи градоначалникот на Штип.

Со она коешто ќе се случува во иднина се надевам дека проектите кои ќе ги презентираме пред јапонскиот амбасадор ќе успееме да го подобреиме начинот на живот на нашите сограѓани„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Преку GGP програмата во македонскиот здравствен систем  Јапонија има финансирано повеќе од 3 милиони евра.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста