Штајнмајер во Македониаја – побара поддршка за уставни измени со цитати од Конески и Андреевски

Додека власта го смета 2030 година за реален датум за влез во ЕУ, Германија ни ги сруши надежите. Претседателот Франк-Валтер Штајнмајер дециден – никој политичар во Македонија, Германија или Европската Унија не може да вети никаков рок. Сепак, ни посака брзо зачленување во Унијата и посочи дека земјава се наоѓа пред важна одлука, посебно по однос на уставните измени и внатрешниот реформски процес.

Вашата земја се наоѓа пред една важна одлука, дали преку претстојната промена на Уставот ќе го отвори патот за отворање на поглавјата во поединечни области, како на пример, економската политика или владеењето на правото, порача германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на заедничка прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски во претседателската резиденција вила „Водно“ во Скопје.

Штајнмајер верува дека Македонија била соочена со тешкотии и довербата на луѓето но, засилувањето на добрососедските односи со Бугарија ќе вредело. Пофални зборови имаше и за договорот од Преспа за кој смета дека Македонија дала пример дека е можно да се надминат долгогодишните длабоки разлики само доколку постои политичка волја од двете страни.

Претседателот Стево Пендаровски верува дека ако процесот на преговори за пристапување кон ЕУ биде базиран на реалните европски критериуми, а не на историја, Македонија во рекордно време ќе стане дел од Европското семејство.

Јас ве уверувам, затоа што го знам нивото на подготвеност на мојата земја во однос на европските интеграции – 17 години ние се подготвуваме за овие преговори, тоа е најдолг период на подготовки на било која држава во историјата на ЕУ – оцени Пендаровски.

Посетата на Штајнмајер, е прва посета на германски претседател по 15 години. Тој беше пречекан во Вила Водно со сите државни и воени почести каде домаќин беше претседателот Стево Пендаровски. Тие заедно се поклонија на гробот на Гоце Делчев, што уште еднаш се покажува големата почит која Германија ја има кон Македонија.

Штајнмајер имаше средби и со пратениците и премиерот Димитар Ковачевски каде посочи на потребата, земјите од Западен Балкан да станат дел од ЕУ. Од Македонија, утре заминува во посета на Албанија.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста