Шок со сметките за парно-августовските поскапи за 40%. БЕГ : Нема правна можност за субвенционирање

БЕГ нема да ги повлече испратените сметки за парно повисоки за 40 отсто бидејќи Одлуката од Владата за субвенционирање била  истечена уште на  30 април и заради тоа не постои начин како да се аплицира за субвенции.   Од компанијата информираа дека Субвенциите пак за февруари, март и април во висина од 99,6 милионит сеуште не се исплатени од Владата и се на товар на БЕГ. Откако од РКЕ побараа да бидат сторнирани августовските сметки за парно и да се ввкалулираат државните субвенции.

„Во овие сметки не е вкаклуриана субвенцијата од Владата. Затоа има значително зголемени сметки. Бараме БЕГ да ги сторнира сите сметки и да се изготват нови сметки каде ќе биде вкалкулирана субвенцијата која ја добиваат граѓаните од страна на Владата. Средства се обезбедени. Има одредена одлука која е донесена. Потрошувачите на топлинска енергија ќе ги добијат субвенциите. Сметките кои ги изготвил БЕГ и се испраќани на 31 авугст, а август не беше завршен, ќе бидат сторнирани“, рече денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

За тоа што сметките се порано испорачани велат дека топлинската енергија да се доставуваат до потрошувачите на крај на тековен месец, а рокот за плаќање е секогаш на 21- ден.

Регулаторот е убеден дека ќе се набави гас, по адекватни цени, но не исклучува потреба на мазут кој енормно загадува .  РКЕ уверуваат дека  ТЕТО ќе работи од септември.  Експертската јавност го критикува несериозниот однос на топлификација . Пораст на сметките на парно е очекувани откако на БЕГ и е одземена лиценцата, а предвидувањата се дека во текот на зимата парното може да поскапи и двојно, ако државата не придонесе со субвенционирање. А кризата ќе е енорма ако ТЕТО не работи.  

БЕГ има обврска веројатно достигната е некоја согласност да испраќаат фактури кои ќе бидат претходница на вистинските фактури. И тие сметки 40 посто покачени, ама ќе бидат повисоки ако државата не преземе мерки да субвенционира со овие цени очекувам и дека двојно ќе се покачи за да биде исплатливо со цената на гасот што ја користат, истакна Константин Димитров Експерт за енергетика

Регулаторна ја одзеде лиценцата на БЕГ поради кредитна неспосбност, нарушена ликвидност и правна несигурност во работењето поради многубројните судски постапки иницирани против БЕГ , оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на топлинска енергија од правни лица и институции како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства. По одлуката отворен е јавен повик за компанија која ќе го грее Скопје, а отворањето на понудите за нов оператор ќе се случи на 7 септември.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста