Шест години од 27 април – барањето за повторно судење стои во фиоките во Врховен суд

„27 април 2017 година шест години од денот кога народот ја зема работата во свои раце и собра храброст за Македонија, но не собраа храброст политичарите – оние кои наместо да го водат народот, го злоупотребија, и монтираа судски процес за најчесните и најискрени патриоти со цел да го исплашат и замолчат народот“ – вака ги доживуваат настаните кои се случија на денешен ден во Собранието, семејствата на осудените на вкупно 188 години казна затвор.

Синови, сопрузи, татковци, браќа – на календарот секој ден пречкртуваат по еден датум. Нивните семејства се прашуваат како им поминува секој миг, во ладните ќелии.

Битката со себеси е најтешка битка. Истовремено да те боли за неправдата која му е нанесена на твоето дете, а треба да бидеш храбар, негова потпора, да му даваш сила и поддршка да истрае додека еден ден изгрее тоа сонце на слободата. Надежта се разбуди повторно кога ја слушнавме веста дека предметот за таканаречените организатори се врати на повторно судење, затоа што тоа е тоа што ние го бараме и за нашите деца, за уставобранителите. Не бараме амнестија, ни помилување, туку шанса за да ја докажат својата невиност – вели мајката на Јане Ченто, Васе Спиркоска Ченто.

Сопругата на Игор Југ, првостепено осуден на 12 години затвор за Алфа вели дека оние кои сега лежат во затвор, биле осудени уште пред да започне судскиот процес, најверојатно по нечија директива, и затоа овој случај е се уште заглавен во Врховен.

Барањето до Врховен за вонредно преиспитување на правосилноста на од адвокатите на осудените, 06.09.2021. Оговор ни е доставен на 26.01.2023, од Јавното обвинителство, добивме одговор дека се одбива таа иницијатива. Ние не бараме амнестија, ние побаравме само правично судење – вели сопругата на Игор Југ, Ивана.

Единствена цел на овој процес е народот да се заплаши и никогаш веќе да не крене глас, вели таткото на осудениот Михајловски.

Неправедно лежат. Tие што си лежат ќе си лежат. Тие што можат да направат да се на слобода, си направија. Еве нема ништо од Врховен. За некои делата брзо поминаа, или се застарени или било што. А овие, што да прават. Седум години, тешки. Не можам да ништо да сменам, тешко е многу – вели таткото на Вилијам Михајловски, Милчо Давевски.

Предметот се уште стои некаде во фиоките во Врховен и се додека овој суд не одлучи, па дури и да ја одбие иницијативата за повторно судење, одбраната не може да се жали до Стразбур. Претходно обвинителството даде негативно мислење за преиспитување на правосилноста на пресудите.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста