Шаќири нема да си поднесе оставка што учениците останаа без учебници, не се чувствувал виновен

  • Дали чуствувате одговорност да си поднесете оставка бидејќи на две недели до Нова година односно крајот на првото полугодие, добар дел од учениците останаа без учебници?
  • Јас неколку пати имам одговорено на ова прашање, значи да, ќе почуствував одговорност ако тоа што го имам предвидено за наредната учебна година 2023/24, сите постапки ќе зависеа од министерот за образование и наука одговори министерот Шакири.

Ниту во себе, ниту во својот претходник Шаќири не гледа одговорност, што  учениците читаат од фотокопирани материјали, а тој иако вети не испочитува ниеден рок. Сега даде пак  ново ветување – сите ученици ќе биле снабдени со книги ама до крајот на оваа година.

  • Учениците имаат сега.. – Дел имаат.. – 230 илјади се доставени кај учениците. Остануваат околу 90 илјади да се достават. Подготвителните материјали се материјали подготвени според учебната програма. Јас не реков одговорноста, јас реков дека ситуацијата на промените беше таа ситуација. Знаете дека пак продолжува концептот на дигитализација но пак ќе имаме печатени учебници. Значи, одговорност во претходникот, јас гледам дека се направени сите напори“….вели Шакири.

Постапките се правда Шакири, биле комплицирани бидејќи дел се принтале на ново а дел се откупувале од фирми кои веќе ги имале испечатени. Не мал дел, дури 20 проценти треба да се усогласат и со националниот совет за учебници и Бирото за развој на образование.

Пред само две недели, последната опомена да не се екперементира со учениците и да им бидат доставени учебници стигна од Охрид. Голем број од наставниците реагираа дека е недозволиво материјалите за учење да ги добиваат преку социјалните мрежи за да ги препраќаат до учениците, а родителите копирањето да си го плаќаат од џеб.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста