Шаќири и Грковска со куса меморија: Не се сеќаваат што бидна со аферата за министерот кој стана доцент без диплома

Министерот за образование Јетон Шакири станал доцент на универзитетот во Струга без нострифицирана диплома, тврди поранешниот просветен инспектор Ѓорги Илиевски. Тој вели дека на струшкиот универзитет постои организирана корупција за која сите институции се алармирани, но со години никој не презема ништо.

Министерот за образование станал доцент без нофистрицирана диплома, а и самиот Мерко и неговата сопруга исто така. Таму постои организирана корупција, сите се известени, антикорупциска, ОЈО, но никој не презема ништо, вели Ѓорги Илиевски поранешен просветен инспектор

Министерот Шаќири не може конкретно да одговори што се случи со аферата за корупција на струшкиот факултет бидејќи поминале години, а новинарите ги препрати одговори да бараат на друго место.

Toa беше одамна не можам да ви одговорам, но сигурен сум прашајте ги надлежните институции ќе ви го дадат одговорат, вели Јетон Шаќири министер за образование

Како и министерот така и вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска не се сеќава што се случуваше со аферата за корупција на универзитетот во Струга, но се пофали дека побарала одговор од државниот просветен инспекторат за синот на Талат Џафери. Но одговор нема.

Јас сум една година на оваа функција и навистина не можам да ви одговорам што се случувало претходно, но еве можам да ве инфорамирам дека чекаме одговор за државниот простевен инспекторат за синот на господинот Џафери. Штом ќе добиеме одговор веднаш јавноста ќе биде информирана, вели Славица Грковска, вицепремиер за добро владеење

Министерот Шакири и вицепремиерката Грковска еден до друг беа дел од тркалезна маса на која се зборуваше за корупцијата во образованието. Иако ниту едниот ниту другиот немаат одговор како јавноста и младите да веруваат во владината борба против корупцијата во образовниот систем, сепак и двајцата го имаат истиот став: образование без корупција било предуслов за напредок на Македонија, ама борбата била тешка и никогаш не се искоренувала докрај.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста