Човекот кој ја искршил таблата на клубот „Цар Борис Трети“ сам се пријавил во полиција

Човекот што вчера претпладне ја искрши таблата на клубот „Цар Борис Трети” во Охрид и е познат на полицијата од самиот почеток затоа што тој сам се пријавил откако го извршил делото.

„Сторителот на делото е маж кој со земјоделска алатка а не со секира како што се пишува ја скршил таблата и веднаш потоа отишол во полициската станица во Охрид и сам се пријавил. При тоа раскажал што се случило, како се случило и зошто го направил тоа”, откриваат полициски извори.

Од СВР Охрид потврдија дека бил извршен разговор со 47 охриѓанец.

„Констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис  „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ – се наведува во кусото сооштение од СВР Охрид.

На официјалната фејсбук страница на клубот вчера беше објавено дека напаѓачот со секира го нападнал новиот бугарски културен центар во Охрид.

„Вандализмот започна додека во клубот се одржуваше состанок меѓу членовите на здружението и надворешни посетители. Според очевидци, од надвор почнале да се слушаат „фашистички” врисоци, а набргу потоа следеле удари со секира во знакот на клубот. За среќа, сите присутни успеале да се спасат неповредени, а штетата е само материјална”, пишува на фејсбук страницата на клубот „Цар Борис Трети”.

Министерството за надворешни работи вчера најостро го осуди настанот и го нарече вандалски чин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста