Чичко Христо кој на осум години морал да побегне од Егејска Македонија прогорови за тажната македонска судбина: Македонците беа апсени зошто говореa македонски јазик и се декларираa како Македонци

-Македончето стално губело нели по некој си туѓ интерес, вели чичко Христо објаснувајќи ја тажната судбина на Македонците од Егејска Македонија.

Говорењето на македонски јазик и декларирањето како Македонец значело казна затвор за Македонците од Егејска Македонија. Еден од тие примери е и Анастас, дедо на Христо Ристовски, кој на само осум години морал да го напушти егејскиот дел на Македонија, бил дел од бранот деца бегалци.

Чичко Христо пред камерата на Алфа, проговори за својата животна судбина и тешкиот живот на Македонците.

-Не смееле ниту во својот дом, така имало нели имало луѓе наречени и ден денес шпиони, кои што седеле под прозор, слушале и ако некој зборувал на македонски, одма бил притворен. (Каквки казни имало) Такви казни имало и бил испраќан нели во грчките затвори, претежно нели на Пелопонез. Пример тука можам да го дадам дедо ми Анастас, кој што за тоа што се декларираше дека е Македонец лежел во затвор (КОЛКУ ВРЕМЕ БИЛ ВО ЗАТВОР) Лежел во затвор две години, вели Христо Ристовски.

Голготата на Македонците во Егејска Македонија, како што вели чичко Христо започнала кога на власт дошол во 1936-тата година, дошол фашистичкиот диктатор Јоанис Метаксас. Велат главната цел била Македонците да го заборават македонскиот јазик.

-Имало училишта, но тие училишта биле грчки и на грчки јазик во тие училиште предавале грчки учители и децата го учеле тој јазик. Всушност го учеле за да го заборават својот мајчин јазик, вели чичко Христо.

Грчката репресија кон Македонците во четиресеттите години од минатиот век и граѓанската завршила со голем бран бегалци, а Грција ја напуштиле над 100.000 луѓе, кои заминале во тогашна Југославија, СССР и Чехословачка. Заминувајќи од родната грутка, чичко Христо основното образование го продолжил во Чехословачка, каде што за прв пат имал можност да учи на македонски јазик, од македонки учители, средното училиште го учел во Полска, каде ги започнал и студиите по историја, кои ги продолжил и завршил во Скопје, каде живее и ден денес.

-Самото патување беше доста тешко, затоа што ние патувавме преку непреодни места и на крајот излеговме во местото Перо и од таму стасавме во тоа село Нивици, од таму помалите деца биле префлени со чамци преку големото езеро до синород Маркова стена, вели чичко Христо. 

Една од најголемите болки за сите бегалци од Егејска Македонија е потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој покрај промената на името, Македонија се откажа и од Македонците од егејскиот дел. Ристовски, чие потекло е од Нивици, каде беше потпишан договорот, вели дека тој е пораз за државата.

-Договорот можеме да кажеме дека Македонците губат. Треба тука претходно да решат нашите луѓе кои што се занимаваат со оваа проблематика, академици, дали тој договор ќе биде штетен или во полза на Македонија. Бидејќи не решиле колку што јас знам, значи тој договор не смеел да се потпише, вели чичко Христо.

Се проценува дека во текот во 1948-та и 1949-тата година, кога најмладите се спасувале од грчкиот режим и репресија, меѓу 28.000 и 32.000 деца ја напуштиле Грција и својот живот го продолжиле надвор од своите родни огништа.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста