Чинговски: Бугарија ги злоупотребува бугарските пасоши на Македонците за да ги прикажат како Бугари

Економската ситуација во државава и секојдневната борба за гола егзистенција, ги натера македонските граѓани да вадат бугарски пасоши и да заминат во европските земји, желни за пристојна живеачка.Ова видео може секо да го види бидејќи јавно е прикачено на јутјуб каналот, а датира од 2005-та година.  

Добар ден се јавувам во врска со огласот, би сакал да извадам бугарско државјанство, добивам и бугарски пасош,така? Да, да бугарски пасош.Прво треба да сте православни ,копија од пасош,две фотиграфии и една потврда од суд дека не сте осудувани.Тоа е дека се откажувам од македонско државјанство,така? Не тоа е агенција во министерството што гарантира за тебе демек ти се осеќаш како македонец бугарин.

Сето ова е дел од статегијата на официјална Бугарија,која сега ги злоупотребува бугарските пасоши на македонците за да ги прикажат како бугари-што воопшто не е наивно, велат познавачите на приликите.

Бараа документи со кои што ќе докажат дека имаат бугарско потекло, односно дека нивните дедовци, прадедовци што е многу лесно во Македонија да се направи тоа, затоа што после окупацијата на Бугарија над Макединија дојдоа и нови учители и нова администрација и сите оние документи кои што беа до тогаш од кралството на Југославија ,ги менаа како бугарски документи. И ден денска ги имаат тие документи.И со нив да одат таму и да им покажат еве јас сум бугарин, за да ја остварат целта за да добијат пасош, а со тоа да докажат дека биле бугари, меѓутоа не е таква ситуацијата – изјави Владо Чингоски –адвокат.

Иако на последниот попис на наслението во 2021-ва, околу 3000 македонци се декларира како бугари,бугарските медиуми повикувајќи се на податоци од Државната агенција за Бугарите во странство, пишуваат дека  близу 42.000 македонци добиле бугарско државјанство.

Добивањето на пасошите заедно со ревизијата на македонската историја,односно прифаќањето на бугарското толкување на историјата ќе доведе во Македонија да има 100-150.000 бугари и врз основа на тоа да се направи една заедница на македонски бугари која ќе влезе во уставот и после веќе е лесно да може да се работи на бугаризација на Македонија.Тие се планови кои што во идинина ќе имаат негативни последици за Македонија – додава адвокатот.

Во ред е да градиме добрососедски односи но време е државата да рече доста е.Македонија изгуби се’ , се откажа од се’ ,да застанаме цврсто ако сакаме да си ја сочваме Македонија-порачува нашиот соговорник.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста