Четири години Охридското езеро не се порибува со пастрмка

Четврта година по ред, не се вршивештачко порибување на Охридското езеро со пастрмка. Се’ до 2018-та, Охридско се порибуваше со повеќе од 2 милиони примероци на пастрмка, но сега кога државата е должна да го збогати рибниот фонд, порибувајќи го езерото, тоа не го прави-реагираат професионалните рибари кои имаат сериозни забелешки и на начинот на кој своевремно се вршеше вештачкиот мрест кога езерото имаше концесионер.

Тој вештачки мрест беше финансиран од самата држава, на пример тоа просечно изнесуваше околу 200.000 евра, но од тие 200.000 евра само 150.000 земаше концесионерот за стопански риболов додека другите 50.000 евра остануваа за научните иституции.Тука исто така е трагично што на пример концесионерот за стопански риболов нема обрска спрема риболовните основи да го пориби Охридското езеро, тоа значи дека државата му го порибива, а тој само го користи рибниот фонд.Тоа значи дека државата му ја сее нивата,а тој само ја жнее и плус добива субвенции дециден е Радован Димитриески-здружение “Рибарски приказни”.

Од охридскиот Хидробиолошки Институт кој имаше задача да го огледува порибениот подмладок, велат дека во тек била изработкана нов закон за рибарство во кој надлежните инстутуции требало да ги вметнат сите нивни забелешки, кои промени треба да ги претрпи законот за да можат тие како Институт нормално да функционираат  во насока на заштита на рибниот фонд и на исполнување на услови за вештачки мрест.  

Па добро јас не би рекла дека сме заглавени во лавиринти, нашите активности во голема мера зависат и од стратегиите на министерство за животна средина и на министерство за земјоделие. Сето тоа претпоставувам зависи од постапката на донесување на законот, а потоа нормално и решавање на одредени проблеми кои што ние ги имаме во институтот, зборувам за технички проблеми, нешто што мора биде завршено пред да се превземат било какви чекори вели Орхидеја Тасевска-дир.на Хидробиолошки Завод Охрид.

Од министерството за земјоделие за Алфа велат дека секоја година се обезбедувале сретства за одгледување подмладок и порибување кои го вршат регистрирани репроцентри. Тврдат дека во изминативе години заради технички проблеми не било поднесено барање за изведување на вештачки мрест. Од таму не знаат во какава состојба е рибната популација. И во една ваква ситуација кога езерото со години е непорибено и никој не води грижа за заштитата на рибната популација се врши масовно рибокрадење,а дневно во меаните и рестораните во Охрид и Струга се продаваат од 500 до 1 тон риба.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста