Четириесет милиони денари штета од ланското невреме во Лозово

Над 39 милиони денари, штета на земјоделците им предизвика невремето кое во мај минатата година го зафати Лозово. Уништени се 406ха, посеани со житни и градинарски култури, лозови и овошни насади. Општинската комисија  за проценка на штети има прифатено 294 барања од физички и правни лица.

  „Утврдената конечна причините штета е добиена на тој начин што количината на штетата на производот е помножена со цената на еден килограм и од пресметаната сума за обештетување, обиени се околу 15%, како дел од нереализираните трошоци. Тоа се трошоци за берба, транспорт, амбалажа и слично„рече Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово.

Речиси 90% од жителите на Лозово се земјоделци, така што штетите  ќе предизвикат сериозен удар на локалната економија. Цветков се надева дека Владата ќе ја убрза постапката и нема да се повтори последниот случај, кога  за обештетување од невремето во 2018, парите на сметка на земјоделците легнаа дури лани

 „Имавме комуникација со министерот за земјоделие и ни беше ветено дека ќе излезат во пресрет на граѓаните, односно на земјоделците во конкретниот случај и дека ќе бидат обештетени согласно она што ќе биде договорено на Влада„ објаснува градоначалникот на Лозово.

Минатата година кон крајот на мај во една недела дури три невремиња ја погодија руралната општина Лозово. Поројните дождови поплавија неколку населени места, општината остана без чиста вода за пиење , а градот со големина на орев уништи шофершајбни, возила и кровни конструкции. 

Александра Ристовска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста