Четврти ден Владата молчи-не одговара дали со народни пари е платена прошетката на децата на Ковачевски во САД

Премиерот мора да даде отчет како и на кој начин е финансирано патувањето на неговите деца во прекуокеанската работна посета во Соединетите држави, коментираат за Алфа експерти кои во неговите постапки препознаваат како што велат политички неморал. Четврти ден, Владата молчи. Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски вели дека Македонија е меѓу најсиромашните во Европа, па секој потрошен буџетски денар мора јавно да се оправда пред граѓаните.

„ Сметам дека ако се претставуваме како држава која е спремна да ги почне преговорите со ЕУ, властите треба да бидат максимално транспарентни за трошењето на буџетските средства, тоа се пари собрани од даноци, од граѓаните и од сите буџетски обврзници. Владата мора да биде максимално транспарентна ако смета дека не прекршила ниту еден закон и од политичка морална гледна точка не направила ништо сметам дека, на крајот на денот мора да има отчет како и на кој начин се покриени трошоците на фамилијата на премиерот“, вели Благојче Атанасовски, политички аналитичар.

Oтчетот на Владата како троши пари, значи и нејзин однос спрема сите граѓани во општеството, смета професорот Константин Миновски.

„Медиумите се седма сила и контрола на власта и постојано треба да ги прашуваат и постојано да бараат одговор. Смао така ќе имаме слика за одгвороноста за тие што владеат што трошат пари, така ќе можеме всушност да го видиме нивниот однос спрема сите членови на општеството, не само спрема младите“, вели Константин Миновски, професор на Филозовски факултет, УКИМ.

Додека премиерот прекуокенски на работна посета, но заедно со семејството ја посети Америка, тамошната организација „Преглед на светското население“ја стави Македониja на 6 место на ранг листата најсиромашни земји во Европа за 2023. Оттука е нејасно како се наоѓаат пари за ваков тип на патувања, па и за енормно високи функционерски плати?

Владината делегација за која се уште нема официјални податоци колку членови брои, речиси една недела престојуваше во САД. Посетата беше работна за која експерти коментираат дека незадолжително е присуството на сопругата, а за децата е како што велат е крајно несериозно.

Четври ден Алфа чека информации од Владата, кој ја плати семејната ексурзија на премиерот во Америка.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста