Четврти ден без вода – жителите од Дебрца бараат да им се реши проблемот

Околку 500 жители од повеќе сега во општина Дебрца 4 дена се без капка вода-ЕВН ги исклучи пумпните станици за вода поради неплатени сметки за струја од страна на општинското јавно претпријатие. Мештаните кои редовни си ги плаќале сметките,сега не ги интересира кој и зошто не си го подмирил долгот, ова велат ја прели чашата.

 Игнорантскиот и дилетантски однос на тн инвеститори,во случајов говориме за ЕВН и ова што им го прават во моментов на нашите соселани од долна Дебрца, е не за осуда,туку за губење на лиценца.Кога нештото е социјална категорија како што е водоснабдувањето,не постои причина да го оставите населението без вода”-вели Ненад Петрески, жител на Дебрца.

Постојано слушаме апели да ги напуштиме урбаните средини, да се вратиме и да ги заживееме руралните средини-вели Лела Милоевиќ.

Само не знам како, кога ги немаме основните услови за живот,непречен довод на електрична енергија,во случајов питка вода.Затоа што овие села не само што немаат питка вода, немаат ни техничка вода која што може да ја користиш барем за миење на садови,алишта и друго.Во случајов кој е финансиски помоќен се снаоѓа –додава Милоевиќ.

Градоначалникот на Дебрца вели дека општината доставила барање до судот да донесе времена мерка за повторно вклучување на електричната енергија на пумпите за вода. Тврди дека побарале од ЕВН да случат спогодба за сервисирање на долговите.

Исклучувањето што го изврши ЕВН е спротивно на член 44 од Правилата за снабдувањето со електрична енергија според кој операторот не може за неплатени сметки да исклучи водоснабдителен систем. Однесувањето на ЕВН незнам како да окарактеризирам, освен типично монополистичко однесување,кое за жал мора да го трпиме сите ние, граѓаните” , вели Зоран Ногачески-градоначалник на Дебрца:”

Од ЕВН велат дека на овие субјекти во континуитет им доставале опомени пред исклучување во секоја фактура за електрична енергија, а пред крајот на минатата година дополнително им било побарано да достават банкарска гаранција,но до сега истата не е доставена. Инаку се работи за долг од околу 250.000 евра.Вчера е вклучена само пумпната станица во Трбеништа, за да не остане без вода охридскиот аеродром.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста