Црквата и училиштето во штипско Ново Село нем сведок на ликот и делото на Гоце Делчев

Длабоко во својата утроба црквата Успение на Пресвета Богородица во штипско Ново Село се уште чува тајни од македонската историја. Трите скривници направени во внатрешноста на црковните ѕидини се нем сведок за едно време кога идеалите за независна и самостојна Македонија биле поголеми и од сопствениот живот.

  • „Во црквата архитекстонски постојат две поголеми скривници и една мала. Во помалата се верува дека таму револуционерите ги чувале документоте на Организацијата, додека Гоце Делчев бил овде. Другите две скривници се со поголем капацитет и се наоѓаат меѓу ѕидовите на галеријата во црквата….Се верува дека и овој кофчег е од тоа време и во него се чувала одредена документација на нашите револуционерни сили „изјави отец Добрица Јанев.

Легендата говори дека токму од овие скривници водат тајни подземни патеки по кои бесчујно се движеле македонските комити. Сепак со последната реконструкција на овој божји храм не се откриени подземни влезови, објаснува отецот Јанев.

  • „Ги имаме слушано тие легенди, дека постојат тајни тунели и влезови, но кога го реновиравме подот не откривме ништо такво. Го оставаме на митовите и легендите„ изјави отец Јанев.

Во XIXвек штипско Ново Село има важна улога во будењето на националната свест и борбата против османлиската власт. Во училиштето кое се наоѓа во дворот на црквата учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев, а одовде ја и ширеле и мрежата на Македонската револуционерна организација..

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста