„Црвенковски се враќа, ваистина ќе се врати?” – се погласни се гласините дека екс-лидерот на СДСМ планира голем „камбек”

Му одржа лекција на Заев, сега на ред му е Ковачевски, се погласни се шпекулациите дека Црвенковски ќе формирал нова партија. На само една година пред парламентарните избори, екс претседателот на социјал-демократите зема замав на политичката сцена. Гласните се, дека поранешниот прв човек на државата преку политичко движење ќе дејствувал во политичкиот живот.

Македонија пред се, ова е наводното име кое се почесто се слуша по политичките кулоари, име на движењто кое би било биде на Црвенковски, но тој нема да биде претседател на истото, туку само член, но и “мозокот” во позадина.

За новата политичка цел, приврзаниците на Црвенковски , како што кружат гласини,  веќе отпочнале со основање на движења низ сите градови во Македонија, за од сега за половина година сите да се обединат под името „Македонија пред се“.

Неколу пати досега се ширеа шпекулации дека Црвенковски ќе направи камбег во политиката, но тоа не се случи. Дали овој пат информациите кои протекоа во дел од медиумите ќе се остварат останува да видиме, но симптоматично е што пред само две години беше организирано е движењето во Охрид, „Охрид пред сè“, но и само-кандидатурата на Максим Димитриевски во Куманово, Зоран Ногачевски во Општина Дебарца.

Движењето „Македонија пред се“, има свои корени од последните локални избори кога во поедини општини се појавија независни кандидати за градоначалници, а кои кандидати поради недоразбирањата со централата на СДСМ, настапија како независни кандидати,

Ова не би бил прв удар на Црвенковски кон раководството на неговата матична партија, два пати во отворен судир влезе и со човекот кој токму тој го аболицираше, поранешниот премиер Заев. Црвенковски заради договорот со Бугарија дури и го замрзна членството во СДСМ.

Дека се случуваат големи пресврти на политка сцена е доказ и последната изјава на потписникот на договор со кој Македонија го смени името, Димитор најави објави дека се враќа онаму каде што секогаш бил – во политиката.

Јас во блиска иднина ќе обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам, така што не би можел сега тој план да го обзнанам. Тоа што можам да го кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, дека работите не ни се добри во државата..

Дали човекот кој играше со сите партии, сам ќе направи партија или пак можеби би бил дел од најавуваното движење на Црвенковски, останува отоврено прашање, осбено бидејќи според шпекулациите оној кој ќе седне на фотељата на Македонија пред се, би бил веќе познат лик, кој треба да ја изненади јавноста.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста