Циркус во Град Скопје: Славески ѝ рече на Арсовска да седи во магарешка клупа

Данела Арсовска и Трајко Славески повторно во главни улоги денеска во Советот на Град Скопје. Седницата за советнички прашања почна, но беше прекината, а продолжението закажано на 14 ноември во 11 часот. Градоначалничката го нарече претседателот на Советот на Град Скопје дека е деспот и тиранин, во обид да дојде до збор од говорницата со помош на мобилен микрофон, наместо од место какви што беа инструкциите на Славески.

  • „Еве овој микрофон ви е на располагање. Имате и фотелја што е многу поудобна од онаа во која што седите во магарешките клупи назад“, ѝ се обрати Славески на Арсовска и веднаш даде пауза од 15 минути бидејќи, како што рече, „повторно имаме неовластено користење на опрема“.
  • „Господине Хитлер, не сметам дека ви доликува да го правите овој циркус во овој Совет. Навистина е недолично тоа што го правите. Прво го кршите Уставот, второ сте ситен лопов и сте човек кој што краде и не е во ред тоа што го правите“, му возврати Арсовска.

По паузата, Славески информира дека ѝ го одземал зборот на градоначалничката Арсовска, поради, како што рече, „недолично однесување во салата на Советот на Град Скопје и навреди кон претседателот“. Потоа му даде збор на советникот Гордан Шутаров, а паралелно со неговата подготовка за поставување на прашања, повторно настана вербално препукување и надмудрување меѓу Арсовска и него по што седницата беше прекината.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста