Ценовен шок преку ноќ – поскапеа лебот, брашното, маслото, млекото, шеќерот

Ценовен шок преку ноќ. Некои од  основните производи на кои до вчера немаше одданочување денес се продаваат и за 10 денари поскапо.  Најмногу од синоќа до утринава поскапе маслото за јадење, во одредени маркети се продава и за 163 денари. Поскапување има и кај лебот кој до вчера се движеше во износ од 30-50 денари во различни маркети, сега некаде има цена и до 60 денари, брашното достигна цена и до 60 денари, шеќерот во одредени продавници е 59 денари, односно поскапување има речиси на сите производи за два, пет па дури и дваесет денари .
Граѓаните револтирани – велат секој ден се поскапува, а примањата остануваат исти. Велат дека покрај поскапени производи, утринава имало и недостиг на продукти поради паничното купување синоќа кога граѓаните сакаа да го искористат последниот момент да испазарат поевтино.

Слична ситуација со празни равтови и плафон цени имавме и на почетокот на месец март кога Владата одлучи да ги одмрзне цените на основните производи.

Ваквата состојба сега е последица на тоа што не беа продолжени мерките нула проценти ДДВ и ограничувања на трговската маржа и покрај постојаното алармирање на експертската јавност дека мерки мора да има.

 Храната за  само една година поскапе за 14 проценти.  Според статистика,  за еден месец  прехранбените производи поскапеа за 4 отсто. 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста