Цените за една година пораснале за 16,7% – Најголемо поскапување има кај храната и тоа од над 25%

Животот станува се поскап. За една година трошоците пораснале за 16.7%. Според најновите податоци на државната статистика, во февруари годинава, во споредба со истиот месец лани најголемо поскапување има кај храната од дури 26%.
За една година лебот поскапел за речиси 40%, млекото за над 36%, месото за речиси 30%, пијалоците и кафето за по околу 15%.

Државната статистика го потврди она што голем дел од јавноста веќе го знае. За просечниот македонец основните потреби станаа луксуз.

Но инфлаторното цунами го нема само во маркетите. Поскапувања има и кај режиските трошоци од речиси 15%. Струјата поскапела за речиси 18%, гасот за 20%, бензините за скоро 8%.
Граѓаните веќе ги чуствуваат баснословните цени. Велат, поради постојаните поскапувања, примањата повеќе не се доволни за достоен живот, а оние продукти кои навистина претставуваат луксуз, може само да ги гледаме како излози во музеј.

Македонија повеќе од една година се соочува со енромна инфлација, која е дури и двојно поголема од просекот на ниво на Европската Унија. Владините мерки досега не дадоа конкретни резултати за нејзино сузбивање.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста