Цената на плинот никако да „падне“, граѓаните се жалат, експертите тврдат дека државата си прибира повеќе пари од даноци

Бензините и дизелот во Македонија барем минимално се спуштија, ама цената на плинот остана забетонирана. Како се покачуваше цената на безнзинот, така растеше и цената на плинот. За разлика од другите горива, плинот не е регулиран па трговците си ја формираат слободно. Граѓаните се жалат Владата си молчи, а експерите велат дека на државата и одговараат повисоки цени, зашто на тој начин прибира повеќе пари од даноци.

Дизелот и бензините конечно благо поевтинија, но плинот никако да се спушти надолу откако драстично поскапе. Литар во моментов се продава во просек за 53 денари што е речиси двојно повеќе од пред една година и е историски највисока цена до сега.

За разлика од другите горива, цената на плинот не е регулирана, па трговците ја формираат слободно. Експертите сметаат дека на Владата и одговораат дури и повисоки цени, зашто на тој начин прибира повеќе пари од даноците, пред се од ДДВ.

  • Ако се задржи цената, акцизата останува иста, и државата го полни буџетот преку тоа. Тоа се должи на лошата владина политика, зашто преку држењето на повисока цена на течниот нафтен гас, односно ТНГ, власта си го полни државниот буџет, вели за Алфа професорот по енергетика Константин Димитров.

Според експертите не чека тешка есен и уште потешка зима, па единствен начин да се заштеди ќе биде да се оди пеш или со велосипед.

  • Ќе си одиме пешки, со точак, ќе користиме градски јавен превоз, едноствано само така може да заштедиме, а при тоа ќе ја зачуваме и животната средина која сега ни е целосно упропастена, е само така за сега може да се штеди, додава Димиторв за Алфа.

Најпогодени од превисоките цени на плинот се таксистите, па во повеќе градови тие ги псокапеа услугите. Граѓаните велат дека автомобилот е потреба, а не луксуз. Велат дека секојдневно се соочуваат со нови, повисоки цени.

  • Од оваа кожа не може да влеземе во друга, велат граѓаните кои секојдневно се соочуваат со нови, повисоки цени на се. И нафта, и плин, и струја и се по ред, се ќе си плаќаме скапо и ќе се чудиме што не снашло, а оние што се на функција тоа си го наредиле, на нас паѓа сиот товар, се шалат граѓаните.

Од денеска се точи поевтин бензин за 2 денари, додека дизелот останува по иста цена. 95-та чини 88 денари по литар, а 98-та се продава по 90 денари.

И додека горивата поевтинија за некој денар, плинот никако да оди на долу.

Ако се направи проста математика, само за гориво до Скопје до Охрид и назад, со автомобил на бензин биле потребни околу 2.300 денари, сега, со новите цени ќе треба да се издвои 3.500 денари, или плус 1.200 денари. Ако возилото е дизел, ако до скоро биле потребни 1.600 денари, сега требаат 2.800 денари. Оние пак што возат на плин, а кои до сега на релација Скопје – Охрид плаќале 1.000 денари, сега ќе треба да одвојат 1.700.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста