Целата моќ во рацете на Aртан Груби: Првиот вицепремиер главен во одлуката за инвестицијата вредна 1.3 милијарди евра

Артан Груби главен во одлучувањето за инвестицијата вредна 1.3 милијарди евра државни пари. На толкав број економисти и министри во тој сектор, како и премиер економист, малку и чудно претседател на управувачкиот комитет кој одлучувал за изгрдадбата на Коридорите 8 и 10 е првиот вицепремиер, чие образование дипломиран новинар, е далеку од економијата или градежништвото.

-Претседател на тој комитет е вицепремиерот Артан Груби и во тоа својство нормално дека тој ја координарал работата, на сите тие кои што се вклучени во тој комитет, а таму се и министерот за транспорт и врски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и министерот за финансии, бидејќи треба да се обезбеди буџетско финансирање и други министри од економски ресори, министерот за животна средина или сега министерката за животна средина, вклучена во тој комитет, изјави Ковачевски.    

Во јавноста секојдневно се поставува прашањето кој е главен во македонската Влада, дали Груби со поткрепа на Ахмети или пак премиерот Ковачевски. Очигледно моќта на првиот вицепремиер е многу поголема од тоа што ја носи неговата функција. А тоа можеме да го видиме со тоа дека бил главен во комисијата која одлучувала, за според Ковачевски најголемата инвестиција во историјата на државава.

-Изградбата на автопатските делници коридор 8 и коридор 10 Д е историски најголем проект во делот на инфраструктурата во независна Македонија, меѓутоа и во историјата на Социјалистичка Македонија, изјави Ковачевски 

Доказ за моќта на Груби е и тоа што за него и неговата партија беше измислено и нова функција – прв вицепремиер, како и ново министерство, кое што доби нова зграда во централното подрачје. Таму функционерите на ДУИ го прославија и роденденот на вечниот партиски лидер Али Ахмети. А стана и еден вид собиралиште за разонода на интегративните министри.

Министерството за политички систем, кое освен со организирање рамковни прослави, не може да се пофали со некој друг проект или програма, е рекордер по однос на вработувањата. Таму работат над 400 луѓе.

Кај Груби не се почитува ниту етничкиот балансер кога се вработувањата во прашање. 52,74 проценти од вработените се Албанци, 37,62 Македонци, 4,21 Труци, 2,23 Роми, 1,24 Боњшаци, додека пак другите етнички заедници не се застапени со ниту еден процент.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста