„Цар Борис“  ќе го менува името, а „Ванчо Михајлов“ ќе тужи – само-освестените Бугари на кафе муабет со Османи

„Цар Борис 3“  ќе го менува името, клубот „Ванчо Михајлов“ ќе тужи, а Министерот за надворешни работи ги теши македонските Бугари дека ќе се подобрела комуникацијата .

До денес  барање за усогласување со Измените на Законот за здруженија и фондации до Централниот регистар поднеле само од Цар Борис 3, а од „ Ванчо Михајлов“ очигледно немат намера да го сторат тоа ни до утре кога истекува рокот. 

Првиот човек на здружението , Љупчо Ѓоргиевски правдата ќе ја барал во Стразбур . Тој денеска заедно со Ѓорги Трендафилов од ГДУ беше на среба со Министерот Бујар Османи , но не  разговарале за клубовите, туку за релаксирање на односите Скопје – Софија.

Корисна средба која е во голема мера продолжение на средбата во Брисел. Ние го известивме за содрќината на разговорите со Вархеи и со неколку политички групации застапени во европскиот парламент кои ќе се обидат на со нивните политички истомисленици , да се обидат да помогнат да се смират тензиите Скопје – Софија и во порелаксирана атмосфера да почне да се спроведуваат одредбите и од спогодбата во 2017 и од таканаречениот француски предлог за Македонија, рече Ѓорѓи Трендафилов од ГДУ

Средбата следи откако претставниците на Македонските Бугари беа во Брисел да му се пожалат на еврокомесарот Оливер Вархеи, дека наводно не биле добро третирани во Македонија . По две недели македонскиот министер  побрза да ги покани на средба  за да ја подобрел комуникацијата, и најверојатно ќе следи уште една ,  а приликата очигледно не ја искористи за да разговара за промена на имињата на клубовите кои подгреваат револт .  Османи ги покана македонските Бугари , додека македонците во Бугарија не можат да дочекаат на прием од првиот дипломат ни по каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград „ Никола вапцаров“.

Отворањето на Цар Борис трети во октомври минатата година беше проследено со протест на револтирани граѓани, а набрзо по тоа клубот беше каменуван, па во него беше пукано. Битолскиот клуб „ Иван Михајлов“ беше отворен минатата година во април во присуство на целиот бугарски државен врв.  Доколку клубовите не поднесат барање до утре, Министерот за правда по мислење од комисија за употреба на имиња во рок од 30 дена треба да донесе Одлука и да побара нивно бришење од Централниот регистар. 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста