Хотелиерите во Охридско пред нов проблем, УНЕСКО не дозволува фотоволтаици на 50 метри до езерото

Хотелиерите од охридско струшкиот регион во небрано-сред сериозна енергетска криза кога им стигнуваат и десеткратно повисоките сметки за струја, не можат да инвестираат во поставување на фотоволтаични електрани. Иако тоа е единствениот начин да опстанат и да го ублажат енергетскот удар,безмалку сите хотели на ривиерата не можат да добијат градежна дозвола за монтирање на фотонапонски постројки бидејќи се наоѓаат на 50 метри од брегот- ги кочи ‘Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион” кој градот го донесе под притисок на Унеско.

Зборуваме за објекти, кои имаат имотни листови, кои се изградени пред 50 години, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ

Сега треба да го менувам проектот, да биде 50 метри од езерото, одалечен првиот панел и тоа морам да го сменам, за добивање на градежна дозвола за поставување на панели.Тоа за мене е апсурдно,бидејки кровот ако течи, не смееш да го поправиш, треба да го оставиш да течи. Ние само ја менуваме бојата на кровот, ниту темели градиме, ниту објекти градиме, вели Перо Кутаноски-хотелиер.

И инвеститорите домашни и странски кои имаат интерес да вложуваат во изградба на фотоволтаични електрани во охридско се откажуваат .

Поднесени се неколку иницијативи, но штом ќе добијат одобрение и ќе увидат колкав простор од парцелата можат да искористат,веднаш се откажуваат-велат од сектор за урбанизам.

Ние имавме случаи кога заинтересирани странки се јавуваат за информација дали за 10 хектари ќе се применува Планот за УНЕСКО, тоа значи ако инвеститорот купи 100 илјади м2 само на 40 илјади м2 може да постави фотонапонски панели, а на 60 илјади м2 не може ништо. Тука инвеститорите не гледаат економска исплатливост,не гледаат од тоа бенефит кај нас, вели Богдан Настески Герман-сектор за урбанизам

Со Законот за енергетика од  2019-та година на пазарот на енергетика можат да учестуваат физички и правни лица и таа можност до сега ја искористија многу инвеститори кои во Македонија изградија околу 200 фотоволтаични електрани,но не и во Охрид за да не биде Охрид единствениот град во државава кој е хендикепиран да го користи овој начин за снабдување со струја,гратските советници донесоа одлука со која од Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион” се изземаат парцели вон опфат на урбанистички план на кои би можело да се поставуват фотоволтаични системи,но тоа не важи за хотелите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста