ХОТАМ најавува затворање на врвните хотели во Охрид, цената за струја ќе им стави клуч на врата за еден месец

За прв пат после децении од нивното отворање, ќе стават клуч на врата големите хотелски капацитети,брендови на охридско-струшката ривера. Поради десеткратно повисоките сметки за струја кои ги добивале последниве месеци,хотелиерите безрезервно сите одлучиле од почеток на месец ноември да ги затворат објектите,до кога-не се знае. Нема друг излез, вели претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески,со овие цени на струјата не можеме да издржиме.Ако работиме, за да ги извадиме парите за струја ќе мора да ги зголемиме цените,дури тогаш ќе се прашаме колку пари е кафето во Охрид.Кога гостите ќе ја чујат цената, ќе им залетне-а ние тоа не го сакаме. Ни треба помош од државата не за луксузирање,туку за опстанок-додава Блажески.Мора да се поделат плати на вработените, а мора и да се подмират и даночните обрски кон државата.

Значи и дражавата живее од тие даночни обрски, не е во интерес да затворат пола хотели во државата.Ако може тие помали фирми да бидат субвенционирани со 13 ден на киловат час,тогаш не гледам зошто во хотелиерството кое крвареше последниве 3 години,не може да се даде нешто такво рече Крсте Блажески-претсед.на ХОТАМ.

Некои хотели добија за 400% повисоки сметки за струја,тоа за жал не натера да ги затвораме хотелите, да заштедиме некој денар, не чека долга зима-велат хотелиерите, иако на брзина некои поставија и фотоволтации само колку да го ублажат енергетскиот удар.

Јас до 1-ви јуни бев на отворен пазар,цените беа застрашувачки.Во месец март имав цена 120 евра само по ноќевање,колку би продавал јас соба во хотелот, 500 евра?Тоа е апсурдно, тогаш бевме на отворен пазар,па се вративме на регулиран пазар каде што беше цената 4,7 ден., а тоа траеше кратко само месец јуни, па потоа истата цена се зголеми на 13,7 ден.И повторно е 300 % повисока од таа цена што беше претходно на регулиран пазар вели Перо Кутаноски–хотелиер.

Кога големите хотелски капациети ќе затворам , дел од вработени чија бројка не мала ќе користат одмори, а дел ќе добијат решенија со кои ќе им се исплатува 70 % од платата, велат хотелиерите.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста