Хидрометеролози: Цел јуни ќе биде речиси врнежлив, тоа е вообичаено, добро ќе затопли веќе од јули

Цел јуни ќе биде променлив и со чести, но кратки врнежи од дожд, велат познавачите на временската состојба. Тоа се должи поради циклонската активност над Средоземно море, клима, која се пресликува и кај нас. И синоптичарите и хидролозите, сметаат дека ваквото нестабилно време не е ништо ново, и тоа сме го имале и изминатите години.

Дека не очекува променливо, нестабилно и топло време и во наредните денови потврдуваат и синоптичарите. Велат дека утринските температури ќе се движат од 10 до над 16, а преку ден ќе биде топло со температура до 27 степени. А веќе од јули не очекуваат пеколни температури, слични како и лани.

  • Во следните денови ќе се задржи сончево време со мала доумерена облачност и пред се топло време, а попладне се очекува да биде нестабилно времето, проследено со врнежи од дожд како и невреме, наместа процесите ќе бидат поинтензивни, вели меѓу другото за Алфа, Јована Тасеска, синоптичар од Управата за хидрометеролошки работи.

Хидрологот Атанас Угрински од Управата за хидрометеролошки работи посочува дека сме сведоци на чести примери на екстремни појави во Македонија, како на пример честите обилни дождови кои поплавуваат се пред себе, и сето тоа придонесува за нестабилните климатски промени.

  • Ќе имаме нестабилен месец, со краткотрајни врнежи од дожд на секаде низ земјава. Тоа е вообичаена појава. Досега немаше опасности за излевање на реките, токму поради тоа што беше драстично намалено нивото на реките. Повеќедневниот дожд добро им дојде и на езерата кои исто така беа многу повлечени. Но, моменталната стабилна состојба е променлива и зависи од интензитетот на врнежи во следниот период. Во моментов нашата карта е обоена во жолта боја, што значи дека се следиме, вели меѓу другото за Алфа, хидрологот Атанас Угрински од Управата за хидрометеролошки работи.

Климатските експерти долго време предупредуваат дека емисиите од човечките активности се повеќе ќе предизвикуваат поплави, топлотни бранови, суши, невремиња и други видови на екстремни временски услови.

Во однос на подготвеноста за детектирање на екстремни временски настани, во УХМР постои систем за рана најава и предупредување, составен од автоматски хидролошки и метеоролошки станици, бази на податоци, сателитски и радарски мониторинг систем.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста