Хемија, биологија, физика и географија шестоодделенците ќе ги изучуваат во еден предмет – природни науки

Скандалозна наставна пограма за шесто одделение која ќе се спроведе од идната учебна година – нема историја и општество, а четири предмети – хемија, биологија, физика и географија се споени во еден – природни науки реагираат граѓански активисти. Според нив, oва целосно ќе го уништи образованието – новата концепција ќе предизвика изгубени генерации но и наставници кои ќе останат без работа. Овој модел кој го спроведе претходната министерка за образование, Мила Царовска, предвидува спојување на предметите географија, хемија, биологија и физика во еден – природни науки, но и спојување на техничко образование со информатика. Според објавената наставна програма, може да се забележи дека предметот историја и општество воопшто го нема. Го нема ниту изборниот предмет Етика во религиите.

Дополнителен проблем е тоа што во предметот природни науки, речиси и да нема ништо поврзано со географија, посебно со територијалната. Од наставната програма може да се забележи дека шестоодделенците ќе учат за  Својства и промени на супстанците, Градба на органи и органски системи кај човеко Вселена, и Сончев систем Сили и движења, Електрицитет и магнетизам, Грижа за животната средина.

Претходно реагираше Македонско географско друштво кое најави дека со институтите ќе преземаат активности за реакција и запирање на Концепцијата за основно образование.

Ќе бидат испратени писмени реакции до надлежните државни институции, како реализација на непосредни разговори на највисоко ниво. Се надеваме дека гореспоменатите активности ќе придонесат за зачувување на статусот на наставните предмети – географија, виологија, физика и хемија – пишува во реакцијата на Македонското географско друштво.

Познавачите стравуваат од губење на работни места на наставниците поради тоа што за овие споени предмети, ќе може да се пријавуваат образовани кадри од повеќе профили, односно, природни науки ќе може да предаваат 12 профили на наставници, а техничко опразование и информатика 8.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста