Хајдари: Власта бега од избори оти стравува од пораз

Предвремени избори нема да има, а претседателските и парламентарните кои треба да оддржат идната година иако се блиску,ќе бидат одвоени. Од Владата велат немало потреба да се оддржат во ист ден, оти тие ги почитувале законите и Уставот, а воедно и немале право никому да му го кратат мандатот. Иако претседателските избори се предвидени пред крајот на март, а палраментрните крајот на јуни, сепак во рок од 4 месеци владата реши да се одржуваат два изборни циклуси, наместо да ги намалат трошоците за организација на избори, тие решија да ги дуплираат.

Дел од аналитичарите согласни, не сакаат предвремени избори оти знаат дека ќе изгубат, а ќе изгубат и на редовните избори и со одвојувањето на изборите идната година сакаат само да го акумулираат падот.

Не само премиерот Ковачевски туку и сите други партии во власта, свесни се и знаат дека според последните мерења на расположението на граѓаните,рејтингот на партиите од власта енормно паѓа. Оваа ситуација е резултат на многуте скандали и афери кои станаа секојдневие. Токму заради ова сметам дека нискиот рејтинг е поврзнам со ваквиот несовесено и недомаќинско однесување на владата, односно на партиите кои се дел од власта. За промер да го наведам коридорот 8 за кој сомневажата одат дотаму дека се работи за скандал од пошироки размери, ако не и еден од најголемите во поновата историја за нашата држава. Замислете договорот е склучен без јавен тендер и се уште се држи во тајност, кај го има ова? Нема транспарентност, нема одговорност, вели Хајдари за Алфа.

Хајдари вели дека токму и заради овие причини е и бегањето на Ковачевски на ТВ дуел со Мицкоски.

Со овој низок рејтинг и со сегашниве политички околности, не само Ковачевски, туку ни Ахмети, ни Таравари не би прифатиле да одат на предвремени избори оти епилогот од напред се знае. Токму од овие причини челниците од партиите на власта не се спремни ниту имаат во предвид еден таков предизвик за тв дуел, а мајмалку за предвремени избори, вели Фејзи  Хајдари- аналитичар.

Според последниот договор на Заев и Ахмети, на три месеци пред одржување на парламентарните избори Македонија ќе го добие и својот прв премиер албанец, односно ако изборите се оддржат како што велат од Владата кој крајот на јуни, веќе во април Ковачевски ќе треба да ја отстапи својата фотеља, оти така се договорил неговиот претходник и неговиот најголем коалиционен партнер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста