Хаос во здравството – Системот на ФЗОМ повторно не работеше

Системот на фондот за здравствено осигурување функцинира на принципот „падни-стани“. Изутрината повторно не работеше. Матичните лекари алармираат дека не можат да прегледуваат пациенти и да издаваат рецепти. Пациентите пак не можат да го променат матичниот лекар, да ги продолжат здравственото осигурување и боледувањето. Ниту пак, можат да земат ортопетско помагало.

  •  „Нервозни колеги, нервозни пациенти, така да, непотребно секојдневно имаме проблеми во нашите чекални и нашите ординации. Ако порталот не работи, пациентите, нашите осигуреници не можат да се внесат во системот, не можат да се запишат и со тоа не можат да добијат хронична терапија.“ – Посочи матичната лекарка Чолакова Дервишова.

Проблем е и што лекари одат во пензија и голем дел од граѓаните остануваат без матични, а со тоа и без терапија.

  • „Во моментов се случува генерациски, да огромен број возрасни колеги заминуваат во пензија, се затвораат многу ординации, за тоа веќе алармиравме, но, немаме финдбек, ништо не се случува. Така што, остануваат илјадници пациенти кои што сега сакаат да се префрлат во борјни амбуланти.“ – Потенцира таа.

За тоа, кој е проблемот и зошто често се случува да паѓа системот, од Фондот со истиот одговор како и пред некој месец, кога системот воопшто не функционираше.

  • „Во периодов се прави миграција и модернизација на серверската инфраструктура така што се јавуваат одредени потешкотии во работата.“ – Велат од ФЗО.

Министерот Меџити пак се прогласи за ненадлежен. Рече дека не знаел за проблемот.

Фондот за здравство во изминатите 10 години потрошил безмалку 3 милиони евра на информатички услуги, но и покрај тоа, пред само неколку месеци беше целосно хакиран и не функционираше десетина дена. Оттаму иако информираа дека станува збор за уценувачки хакерски напад, подоцна ги негираа информациите дека некој го уценува фондот со личните податоци на граѓаните и за возврат бара 2.000 биткоини, односно, околу 44 милиони евра. Со падот на системот цело здравство беше во колапс.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста