Хаос во градскиот превоз – Скопјани чекаат автобус со часови

Метеж на постојките, автобус се чека и по повеќе од еден час. Граѓаните револтирани од колабираниот градски автобуски превоз, велат дека не можат да си ги завршат основните потреби – да појдат на работа, на лекар на училиште.

Приватниците воопшто не сообраќаат, а граѓаните велат дека возниот ред на ЈСП не е точен и не можат да се потпрат на информациите од него.

Во моментов 20тина линии кои беа опслужувани од приватниците повеќе не се сообраќаат. Од ЈСП велат дека се поккриени со соодветен број на возила за непречено да се одвива актуелниот возен ред.

– „ЈСП Скопје ги презеде и ги опслужува сите линии на кои до неодмна сообраќаа возила на приватните превозници.“ – Велат од ЈСП за Алфа.

Сепак, хаосот на псотојките покажува дека и не е баш така како што тврди ЈСП. Бидејќи тн државни автобуси ги покриваат и приватните линии проблеми има во целиот јавен превоз.

Од новонастанатите состојби во јавниот градски превоз најмногу страдаат повозрасните граѓани, луѓето од социјално ранливите групи кои немаат разни можности за превоз, но и учениците кои мораат да тргнат на училиште многу порано, за да не задоцнат.

Инаку, пред само еден месец и автобусите на ЈСП „Скопје“ не возеа еден ден затоа што вработените стапија во колективен штрајк зашто немаа земено плата, а македонскиот главен град за прв пат остана без јавен превоз.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста